Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двигател“

„За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие зборови нашата ТВ водителка Лила Филиповска ја започна емотивната објава по повод роденденот на синот Филип.

lila-filipovska-emotivna-za-30-tiot-rodenden-na-sinot-ti-si-mojata-sila-mojot-pancir-mojot-dvigatel-01.jpg

Синот на ТВ водителката Лила Филиповска, денес (24.09) полни 30 години, а по тој повод со мајка му сподели кратко видео со кое им покажа на своите следбеници како го прославиле денот.

Иако Филип е познат по тоа што се труди да ја сочува приватноста, мајка му на нејзиниот Инстаграм профил објави кратко видео на кое се гледа дека тие двајца се забавуваат со музика во живо, на песната на Цеца Ражнатовиќ „Наговори“.

lila-filipovska-emotivna-za-30-tiot-rodenden-na-sinot-ti-si-mojata-sila-mojot-pancir-mojot-dvigatel-02.jpg

„За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’ иако денес полниш триесет години.

Јас ти го дадов името, делиме ист хороскопски знак и уживаме во музиката и во работите кои ни го разубавуваат животот!

Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двигател и поради тебе сум она што сум!

lila-filipovska-emotivna-za-30-tiot-rodenden-na-sinot-ti-si-mojata-sila-mojot-pancir-mojot-dvigatel-03.jpg

Фала ти што ме избра за твоја мајка и што никогаш не ги изневери моите очекувања…

Среќен роденден Филип, моја љубов безусловна“ – му порача Лила на синот Филип.

Погледнете го видеото во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...

Најчитани неделава