Браво! Огнен (13) свири на изворни инструменти: „Добив специјална награда за гајда, од 3 години тропам на тапан“

На 3 години почнал да тропа на тапан, на 5 години се вљубил во гајдата, а летово успеа да освои специјална награда на фестивалот „Пеце Атанасовски“. Огнен Радуловиќ од битолското село Бистрица е доказ дека сè уште имаме деца кои ја негуваат македонската традиција и култура.

bravo-ognen-13-sviri-na-izvorni-instrumenti-dobiv-specijalna-nagrada-za-gajda-na-3-godini-pochnav-da-tropam-na-tapan-01.jpg

Иако ни се чини дека младите денес се заинтересирани само за мобилните телефони, видеоигри и виртуелен свет, Огнен Радуловиќ од битолското село Бистрица е доказ дека и кај нас сè уште има деца кои се трудат да ја негуваат традиционалната македонска музика и духовната традиција.

Пред осум години на фестивалот за народни инструменти „Пеце Атанасовски“ и самиот се восхитувал на гајдата како инструмент, а годинава во јули, на истиот настан имаше можност да ја освои специјалната награда „Гајдарка“.

bravo-ognen-13-sviri-na-izvorni-instrumenti-dobiv-specijalna-nagrada-za-gajda-na-3-godini-pochnav-da-tropam-na-tapan-02_copy.jpg

Огнен е 13-годишно момче, кое учи во ОУ „Крсте Петков Мисирков“, во битолското село Бистрица, каде што живее, а слободното време го посветува на изворните инструменти и пробите и настапите во КУД „Илинден“ во Битола.

Тој за читателите на CRNOBELO.com открива дека љубовта кон музиката, и воопшто кон изворните инструменти, ја пројавил мошне рано, и тоа кога имал само 3 години.

bravo-ognen-13-sviri-na-izvorni-instrumenti-dobiv-specijalna-nagrada-za-gajda-na-3-godini-pochnav-da-tropam-na-tapan-03.jpg

Тогаш за првпат почнал да тропа на тапан, а подоцна почнал да свири на гајда и зурла.

На прашањето дали имал некој да му покаже како се свири на инструментите, Огнен вели:

„Самоук сум. Гајдата ја усовршувам слушајќи ги видеата на Пеце Атанасовски, а зурлата сè уште ја усовршувам“.

Впрочем, родителите на Огнен, откако забележале дека нивниот син од најмала возраст покажува огромен талент за музика, на 7 години одлучиле да му дозволат да стане дел од Културно уметничкото друштво „Илинден“ во Битола.

„Веќе 6 години сум член таму, како дел од оркестар и имаме проби четирипати неделно“ – ни појаснува Огнен.

Освен што има можност да свири на инструментите што ги сака, Огнен имал можност да патува и да настапува во други земји, каде што ја презентирал убавината на македонската традиција и култура.

„Со ’Илинден‘ сум бил речиси низ сите градови во Македонија, како и во: Унгарија, Турција, Србија (повеќепати) и Албанија“ – ни појаснува тој.

bravo-ognen-13-sviri-na-izvorni-instrumenti-dobiv-specijalna-nagrada-za-gajda-na-3-godini-pochnav-da-tropam-na-tapan-07_copy.jpg

Инаку, Огнен годинава ја зеде специјалната награда „Гајдарка“ на фестивалот за народни инструменти „Пеце Атанасовски“ во прилепско Долнени, а ни раскажа дека, токму таму, како 5-годишно детенце имал можност за првпат да се запознае со гајдата како инструмент, но и да проба да свири.

Како што појаснува, еден од учесниците на фестивалот забележал како Огнен со интерес го набљудува инструментот, па му дал да проба да свири.

bravo-ognen-13-sviri-na-izvorni-instrumenti-dobiv-specijalna-nagrada-za-gajda-na-3-godini-pochnav-da-tropam-na-tapan-05.jpg

Иако првиот обид не бил успешен, тоа не го спречило момчето да продолжи да се труди.

„Лесно беше да произведам звук, но тешко беше да изведам правилен и точен звук на гајдата. За тоа ми требаа околу 3 месеци.

За зурлата беше малку полесно. Мислев дека тоа е потежок инструмент, но напротив, кај неа не треба многу сила во дувањето за да има убав тон“ – ни појаснува Огнен.

bravo-ognen-13-sviri-na-izvorni-instrumenti-dobiv-specijalna-nagrada-za-gajda-na-3-godini-pochnav-da-tropam-na-tapan-04.jpg

Освен што оди на проби со културно уметничкото друштво, Огнен вежба и дома, а вели дека секојдневно се потребни од 3 до 5 часа вежбање за да се совладаат техниките на инструментот.

Го прашавме како реагираат неговите соседи и дали им пречи неговото музицирање, на што Огнен ни рече:

„Не, воопшто. Тие доаѓаат и ме тераат да свирам!“

bravo-ognen-13-sviri-na-izvorni-instrumenti-dobiv-specijalna-nagrada-za-gajda-na-3-godini-pochnav-da-tropam-na-tapan-06.jpg

Иако има само 13 години Огнен веќе одлучил дека и во иднина сака да се занимава со народната музика и со изворните инструменти, а ни откри дека би сакал да се обиде да научи да свири и на некој од класичните инструменти.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...

Најчитани неделава