Денес е Вера, Надеж и Љубов – Што треба да направат сите што имаат ќерки?

Ако имате ќерка денес треба да ѝ покажете колку ја сакате. Се слави празникот „Вера, Надеж и Љубов“.

denes-e-vera-nadezh-i-ljubov-shto-treba-da-napravat-site-shto-imaat-kjerki-01.jpg

На 30-ти септември секоја година православните христијани го слават празникот, којшто во народот е познат како „Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“.

Овие четири маченички живееле и пострадале во Рим во времето на царот Адријан.

denes-e-vera-nadezh-i-ljubov-shto-treba-da-napravat-site-shto-imaat-kjerki-02_copy.jpg

Мајка им Софија (чиешто име на грчки означува „мудрост“), откако останала вдовица, ги учела своите ќерки на верата христова.

Во времето кога пострадале, Вера имала 12, Надеж 10, а Љубов 9 години.

Царот ги принудувал мајката и ќерките да принесат жртви во храмот на божицата Артемида, но тие останале истрајни во верата и ги трпеле маките на кои ги ставил царот: биле тепани, сечени, фрлани во оган и во врела смола, па на крај една по една биле убиени со меч.

denes-e-vera-nadezh-i-ljubov-shto-treba-da-napravat-site-shto-imaat-kjerki-03.jpg

Мајка им Софија, ги зела тeлата на своите ќерки, ги однела надвор од градот и чесно ги погребала.

Три дена и три ноќи останала на нивниот гроб и му се молела на Бога, па така починала, воздигнувајќи се во Рајот, кaде што ја чекале душите на нејзините блажени ќерки.

На денешен ден именден празнуваат оние што ги носат имињата: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба (и сите други што се изведени од споменатите имиња).

denes-e-vera-nadezh-i-ljubov-shto-treba-da-napravat-site-shto-imaat-kjerki-04.jpg

Празникот е посветен на жените и нивните деца, особено на оние што имаат ќерки.

Во чест на светите маченички во македонските храмови денес има света литургија, а според традиционалните верувања, тие што имаат ќерки денес треба да ги израдуваат со некој (скромен) подарок и да им покажат колку ги сакаат.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
Софија Јанева: „На 40 дена син ми се разболе од RSV вирус, бевме на интензивна нега, со мало бебе шт... „Матео, точно на 40 дена, се разболе од RSV virus. Отидовме на интензивна нега, ...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава