Сопругата на Тони Михајловски со емотивна објава: „5 години од дијагнозата канцер, 5 години во грч и паника на секои 6 месеци“

„По дијагнозата рак, само едно знаев сигурно, а тоа е дека морам да сум силна заради себе, а уште повеќе за тоа мало детуле од 8 годинки“, гласи дел од емотивната објава на Александра Јорева Михајловски.

soprugata-na-toni-mihajlovski-so-emotivna-objava-5-godini-od-dijagnozata-kancer-5-godini-vo-grch-i-panika-na-sekoi-6-meseci-01.jpg

Александра Јорева Михајловски вчера (23.10) со емотивна објава на Инстаграм откри дека поминале 5 години од нејзината дијагноза рак на матка.

Таа откри дека добро поминала на прегледите и се наврати на целиот пат кој го изодела во последните 5 години.

Нејзината објава гласи:

5 години од дијагноза канцер.
5 години поминати со нов животен предизвик.
5 години со искачени мноогу скали испешачени многу километри.
5 години во грч и паника на секои 6 месеци.

5 години адаптација на новиот живот, учење да се прифатиш себеси таков каков што си моментално, затоа што секој саат носи нова промена, секој ден си нова верзија од себе. Некогаш успешно некогаш не. Некогаш успевав да се сакам себеси, некогаш не. Некогаш се гледав во огледало, некогаш не.

Само едно знаев сигурно, а тоа е дека морам да сум силна заради себе, а уште повеќе за тоа мало детуле од 8 годинки за кое мислев дека ќе успеам да ја ублажам информацијата што е тоа што се случува со мама, но се излажав нормално - сè му беше јасно.

Во овој период доаѓаа и си одеа луѓе, влези излези, и тоа е супер, сам дошол сам си оди, но едно е сигурно вистинските се секогаш тука. Многу или малце не е битно, важно е дека се и тие силни, затоа и се тука присутни.

soprugata-na-toni-mihajlovski-so-emotivna-objava-5-godini-od-dijagnozata-kancer-5-godini-vo-grch-i-panika-na-sekoi-6-meseci-02.jpg

Во периодов заедно со мене и на секој повик и прашање добивав одговори од мојот Митко Ивановски, докториште, човек без кој ни очи не сакав да затворам во сала без да го видам пред мене.

Дева Петрова - смирувачкиот глас во хаосот, Милан Ристески кој кога ќе почне да ти објаснува ќе те тресне од земја за на крај да се издишеш со позитивна насмевка на лицето...

Билјана Огненоска жена која 24/7 е достапна за сè ама буквално за сè (контроли, испитувања, објаснувања), лик којшто знае како треба со онколошки пациенти. Биле треба да те клонираме.

Наташа Чокревска ангел.
Тања и Кико од центарот за ревитализација.

Е, сега, доста е за медицинскиве лица, да се префрлам на нас.
Ана, Марија, Бети, Вики, Билјана, Тања, Љупка, Маја, Јасмината моја, Стефи, Лиса и сигурно некој заборавам во моментов на измешани емоции, битно нè има - фино племенце сме..

soprugata-na-toni-mihajlovski-so-emotivna-objava-5-godini-od-dijagnozata-kancer-5-godini-vo-grch-i-panika-na-sekoi-6-meseci-03.jpg

Со верба во бога и мојот отец Михаил Таневски, единствениот од кого учам како се гази по скалите на животот полн со предизвици.
Семејството, љубовта и жртвата, а и силата на Тони и Максим..

Бато Алек за присутноста каде и да треба по светов, Ангела фала што ни го пушти да биде со нас, наместо со вас во еден период од растењето на Матео.

И на крај, едно најголемо благодарам за себе!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивен спомен од него со ќеркичката - тој вели: „Мавни ѝ со рака... Наталија на Инстаграм Стори прво сподели емотивно видео со инсерти од кобната но...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Тони Зен на семеен одмор во Шпанија – ги покажа тетоважите, ужива со синот кој му го смени животот (... Ги покажа тетоважите на неговото фит тело, носи чадори и торби на плажа, ужива в...
Сопругата на Даниел Кајмакоски: „Никогаш не сме дочекале Нова година заедно, но на сите им посакувам... Даниел Кајмакоски и сопругата Марина објавија празнични фотки од нивниот дом, ка...

Најчитани неделава