Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е пострашно“

„Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женствено... Срцето е тоа, душата е таа... Јас сум мајката на моите деца, јас сум жената за мојот сопруг...“, вели Вања Андонова.

trogatelna-objava-na-makedonka-da-se-borish-so-kancer-e-strashno-da-se-borish-vtor-pat-so-kancer-e-postrashno-01.jpg

Вања Андонова е уште една наша хероина, на која ракот ѝ ја предизвика силата и тоа втор пат во две години.

Таа на нејзиниот Фејсбук профил искрено сподели како се чувствува.

Во нејзината објава ќе се пронајдат многу луѓе кои се соочуваат со оваа дијагноза:

Да се бориш еднаш со канцер е страшно.
Да се бориш втор пат со канцер и тоа во две години е малку пострашно.

Еднаш треба храброст и многу сила да се издржи, а втор пат како е - сега ќе видам.

Дали губењето коса е најтешкото нешто?
Дали губењето на два органа (две гради) е тешко?
Дали хемотерапиите се тешки?

Да знаеш дека носиш канцер во себе, самата помисла е страшна.
А како ќе прифатиш е многу битно.

Храброст треба многу.
Сила треба многу.

Деновите минуваат тешко...
Болка струи по телото, но движи се, си велам, ова не е ништо за тебе жено.

И ова што многу жени ги плаши: Како без коса?
Па, така...

Прво ја кратам косата, затоа што боли секоја пора на главата, како да сака самата да излезе од корен.
Еднаш падна, па порасна.
Па коса е, ништо страшно.

Сега по втор пат, иста патека одам...

Како изгледам?
Ма прекрасно...

Хемотерапиите...
Тешки се...
Многу...

Воздухот што го дишам, не ми е ист...
Водата што ја пијам, не е иста...
Храната, ја нема убавината што ја сака душата...

Како се гледаме после операцијата?
Најнормално...

Природно...
Женствено...
Срцето е тоа...
Душата е таа...
Јас сум таа...

Се прифатив веднаш таква...
Своја...
Единствена...
Силна...
Храбра...

Јас изгледам прекрасно во моите очи.
Јас сум мајката на моите деца и сум овде до нив...
Јас сум нивните крилја..
Јас сум жената за мојот сопруг...

Онаа истата...
Старата јас...

Малку различна...
Малку кревка...
Малку повеќе силна...

Онаа со длабоките и груби лузни кои не бледеат...
Онаа што е исцртана од линијата на животот...
До вечноста...

Се гледам и велам: Па, ти уште можеш да издржиш...

Боже фала ти и слава ти за Сė што ми даде.

Не посакувам ништо повеќе од тоа што можам да издржам и да земам од животот...
Сė што даваш прифаќам...
Само смилувај се над мене грешната, подари ми здравје.

Животот е преубав...
Само кога би знаеле колку малку треба за СРЕЌА...

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава