Почина Оливера Николова, авторката на „Зоки Поки“ и една од најплодните македонски писателки

На 88 години почина Оливера Николова, жената која ја напиша култната „Зоки Поки“, писателка позната како мајка на македонската литература за деца и возрасни.

pochina-olivera-nikolova-avtorkata-na-zoki-poki-i-edna-od-najplodnite-makedonski-pisatelki-01_copy.jpg

Во нејзината плодна кариера, која траеше повеќе од 6 децении, таа напиша многу дела, но сепак ќе остане запаметена како жената која го создаде ликот на омилениот „Зоки Поки“, книга која и денес е неизбежна лектира во училиштата.

Родена на 11 март 1936 година во Скопје. Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

pochina-olivera-nikolova-avtorkata-na-zoki-poki-i-edna-od-najplodnite-makedonski-pisatelki-05.jpg

Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. 

Николова е и автор на ТВ серии и радио-драми како „Зоки Поки,“ „Среќен пат, Зоки!“ и „Девојките на Марко“, со кои остави траен белег во домашната кинематографија.

pochina-olivera-nikolova-avtorkata-na-zoki-poki-i-edna-od-najplodnite-makedonski-pisatelki-03.jpeg

Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои „Стале Попов“, „Рациново признание“, „Роман на годината“, како и наградата „ПрозАРТ“ за придонес во развојот на балканската литература.

Но, Николова е добитник е и на Орденот за заслуги, признание кое ѝ го додели претседателот Стево Пендаровски во текот на својот мандат.

pochina-olivera-nikolova-avtorkata-na-zoki-poki-i-edna-od-najplodnite-makedonski-pisatelki-06.jpg

Од својата омилена писателка, преку Инстаграм Стори се прости актерката Ана Стојановска.

Таа објави фотографија од корицата на книгата „Зоки Поки“ и порака: „Ти благодариме за сè“.

pochina-olivera-nikolova-avtorkata-na-zoki-poki-i-edna-od-najplodnite-makedonski-pisatelki-04.jpg

А. Ј. | Црнобело / Фото: Литаратура.мк

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Зоки Давитков, откако им стави надградба на две девојки кои изгубиле коса во Кочани: „Ни се јави кли... „Вчера добивме повик од наша клиентка која сама се понуди да плати надградба за ...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...

Најчитани неделава