Весна Петрушевска за роденденот на ќерката Мина, која живее во Дубаи: „Да те немаше, пак ќе те пронајдев и ќе беше моја!“

„Ова е првиот роденден каде не сме заедно. Ние родителите треба да сме лакот, а децата стрелата. Љубовта е несебична и многу повозвишенa од што можеме да претпоставиме“ - вели актерката Весна Петрушевска во емотивната објава по повод 20-тиот роденден на ќерката Мина. 

vesna-petrushevska-emotivna-za-rodendenot-na-kjerkata-da-te-nemashe-pak-kje-te-pronajdev-i-pak-kje-beshe-moja-kjerka-01.jpg

Нашата актерка и ТВ водителка Весна Петрушевска на Инстаграм сподели кратко видео во кое ѝ го честита 20-тиот роденден на ќерката Мина, која од ова лето живее во Дубаи, каде работи.

Весна се присети на денот кога првпат ја видела Мина, која ѝ наликувала на порцеланска кукла на батерии.

vesna-petrushevska-emotivna-za-rodendenot-na-kjerkata-da-te-nemashe-pak-kje-te-pronajdev-i-pak-kje-beshe-moja-kjerka-08.JPG

Таа на Инстаграм објави видео направено од повеќе фотографии направени низ годините, на кои Мина позира заедно со мајка ѝ Весна, со братот Кирил, како и со Моника, третото дете за кое Весна се грижеше.

„Мина имаше 9 месеци и 3,5 килограми. Буквално кукла на батерии, да ти е страв да ја гушнеш оти беше порцеланска кукла.

Поминавме заедно како за три животи, јас и таа.

Но, таа нејзина насмевка ги освојува сите. Кога летово си замина за Дубаи со Мони (третото дете) ми кажа:

’Конечно ќе се ослободам од сите што ме гледаа под око и што не ме разбираа. Само ти ќе ми фалиш од Македонија и баба… Тато ќе го видам скоро‘.

vesna-petrushevska-emotivna-za-rodendenot-na-kjerkata-da-te-nemashe-pak-kje-te-pronajdev-i-pak-kje-beshe-moja-kjerka-06.JPG

Денес полни 20 години, живее во Дубаи со Моника, оди на работа каде сите ја сакаат оти таа освојува на прва топка.

Ова е првиот роденден каде не сме заедно.

Ние родителите треба да сме лакот, а децата стрелата. Љубовта е несебична и многу повозвишенa од што можеме да претпоставиме.

Мина, Минка, Миниминима среќна 20-ка ќерка. Да те немаше пак ќе те пронајдев и пак ќе беше моја ќерка! Убаво да си поминете со Мони и колегите! Ова е твој ден и наздрави за сите нас!“ – ѝ порача Весна на ќерката.

vesna-petrushevska-emotivna-za-rodendenot-na-kjerkata-da-te-nemashe-pak-kje-te-pronajdev-i-pak-kje-beshe-moja-kjerka-017.JPG

Погледнете го видеото:

Инаку Весна Петрушевска во едно гостување отворено зборуваше за нејзината борба со ендометриозата, како и за сè она што го поминале со Мина.

Повеќе на оваа тема, можете да прочитате ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Ќерката на Наташа Малинкова блеска во Париз и Ница - гените се чудо, згодна како мајка ѝ Таа во фокус ги стави своите долги нозе... Султана Малинкова е згодна како и мај...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
„Минче ти си пример како едно девојче треба да се бори“ - Весна Петрушевска емотивна за 21-иот роден... „Се познаваме точно 20 години и 3 месеци. Имаше само 9 месеци и 4 и пол килограм...

Најчитани неделава