Андријана Јаневска сними песни за популарна видео игра: „Ги отпеав во 2022, подоцна дознав дека се за Mortal Kombat“

„Требаше да отпеам една композиција од околу 3 минути, на измислен јазик. Ми кажаа дека е за видео игра, а кога им ја испратив снимката беа воодушевени - немаше никакви технички, ниту уметнички замерки“, вели Андријана Јаневска за CRNOBELO.com, откако откри дека потпишала договор за реномираните Warner Bros Games.

andrijana-janevska-snimi-pesni-za-popularna-video-igra-gi-otpeav-vo-2022-no-duri-sega-doznav-deka-se-za-mortal-kombat-01.jpg

Пејачката и професорка на Факултетот за музичка уметност, Андријана Јаневска, пред неколку дена откри дека потпишала договор со Warner Bros Games, компанија која е дел од најголемите филмски и продуцентски студија во светот, Warner Bros.

Таа пред околу една и пол година испеала неколку песни за кои ѝ било кажано дека се за видео игричка, но не и детали за што точно станува збор.

andrijana-janevska-snimi-pesni-za-popularna-video-igra-gi-otpeav-vo-2022-no-duri-sega-doznav-deka-se-za-mortal-kombat-05.jpg

Пред официјалното излегување на играта, ја контактирале од студиото за да го потпише официјалниот договор и тогаш дознала дека станува збор за Mortal Kombat 1, која важи за култна видео игра во светот, првично создадена во 1992 година, а по чија приказна се снимени и неколку филмови.

Андријана не ја криеше својата среќа, особено што композиторот на песните што ги испеала, е реномиран музичар, кој годинава е номиниран и за наградата Греми.

andrijana-janevska-snimi-pesni-za-popularna-video-igra-gi-otpeav-vo-2022-no-duri-sega-doznav-deka-se-za-mortal-kombat-02_copy.jpg

Своето искуство Андријана го раскажа за CRNOBELO.com:

„Некаде во април 2022 година добив мејл од соработникот на композиторот Вилберт Роџет Втори, со понуда за соработка.

Најнапред требаше да отпеам една композиција од околу 3 минути, на измислен јазик.

Ми беше кажано дека е за видео игра, но не за која. Откако прифатив, композиторот ми испрати демо снимка, отприлика како би сакал да звучи финалниот производ.

andrijana-janevska-snimi-pesni-za-popularna-video-igra-gi-otpeav-vo-2022-no-duri-sega-doznav-deka-se-za-mortal-kombat-03_copy_copy.jpg

Вокалите ги снимив во моето студио Гиновски, каде професионално работиме со сопругот Гино веќе 15 години.

Откако им ја испратив снимката, беа воодушевени, немаше никакви технички ниту уметнички замерки.

Ме прашаа дали би била слободна да отпеам уште неколку песни кои би биле дел од официјалниот саундтрак на играта, а јас се согласив.

Во следниот период ги снимив и останатите композиции, за кои исто така не најдоа замерка.

Ми платија за работата и ми пишаа дека ќе ме известат кога играта ќе излезе официјално.

andrijana-janevska-snimi-pesni-za-popularna-video-igra-gi-otpeav-vo-2022-no-duri-sega-doznav-deka-se-za-mortal-kombat-04_copy_copy.jpg

Дури после една и пол година ми стигна мејл дека станува збор за видео играта Mortal Кombat 1 и дека пред да излезе официјално, мора да потпишеме договор со Warner Bros Games.

Во постојан контакт сум со композиторот, кој воедно оваа година е номиниран за Греми.

Искрено се надевам дека ќе имам прилика да работам и на други проекти“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фифи Јаневска го покажа деколтето во бикини - се спрема за плажа на Малта, по снимањето песна во Мак... „Подготовки за море“, напиша таа и позираше во златни бикини. Нашата трансродна ...
Андријана Јаневска прослави 15 години брак – свадбата ја правеле во Имес, денес со синовите уживаат ... Андријана Јаневска објави пред и потоа фотки – една од свадбата со Гино пред 15 ...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...

Најчитани неделава