Постот без молитва и благослов е само диета – Детални правила (типик) за Божиќниот пост за 2024/25

На 28-ми ноември започнуваат божиќните пости кои се подготовка за пречек на еден од најголемите христијански празници – Рожденството христово. Но, што треба да знаете за постот и дали само воздржувањето од мрсна храна е доволно?

postot-bez-molitva-i-blagoslov-e-samo-dieta-detalni-pravila-tipik-za-bozhnikjniot-post-za-2024-25-01.jpg

Постот започнува од 28-ми ноември, а трае до 7-ми јануари, односно 40 дена.

Духовните лица со години наназад зборуваат за тоа дека постот не е само воздржување од мрсна храна и храна од животинско потекло, туку во себе треба да ги содржи сите добредетели: покајание, смирение, милосрдие, телесен подвиг итн.

Исто така, пред да започнете да постите неопходно е и да се земе благослов од духовниот Отец, односно од свештеникот што сте го избрале да ви биде духовен водич и да ве воведува во тајните на верата.

Исто така, молитвата е неоткинлив дел од постот. Како што велат претставниците на нашата црква:

„Молитвата е бессилна доколку не е заснована на постот, но и постот е бесплоден доколку од него не потече молитва“.

postot-bez-molitva-i-blagoslov-e-samo-dieta-detalni-pravila-tipik-za-bozhnikjniot-post-za-2024-25-03.jpg

Со други зборови, постот без молитва е само диета и воздржување од храна, што во никоја смисла не соодветствува со духовните учења на христијанството.

Инаку, се смета дека божиќниот пост е полесен од велигденскиот, кој започнува со тридневно воздржување од храна.

За време на божиќните пости се следат следните правила: во среда и петок се пости без масло.

postot-bez-molitva-i-blagoslov-e-samo-dieta-detalni-pravila-tipik-za-bozhnikjniot-post-za-2024-25-04.jpg

Монасите постат и во понеделник, а истото може да го прави и секој друг што сака, секако, со благослов на својот духовен Отец.

Останатите денови се пости со масло, а во саботите, неделите и големите празници се консумира и риба.

Така, според црковниот типик, односно правило за божичните пости, рибата се дозволува за празниците: Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста (04.12), Свети 15 маченици Тивериполски (11.12), Свети Николај Чудотворец (19.12) и за Свети Спиридон (25.12).

postot-bez-molitva-i-blagoslov-e-samo-dieta-detalni-pravila-tipik-za-bozhnikjniot-post-za-2024-25-02.jpg

На бадниковата трпеза не е дозволена рибата, но затоа е дозволена употреба на масло и вино.

Деталниот типик (правило) за божиќните пости, погледнете го во продолжение:

Напомена: типикот означен во десниот агол е храната што е дозволена да се консумира.

postot-bez-molitva-i-blagoslov-e-samo-dieta-detalni-pravila-tipik-za-bozhnikjniot-post-za-2024-25-06.jpgфото: Фејсбук - Makedonska Crkovna Opstina Düsseldorf

Прочитајте и Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Типик за велигденски пости 2026 - кога се јаде масло и риба, а кога се готви само на вода? Погледнете го типикот, односно правилата за велигденските пости 2026 - на кои де...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава