Типик за велигденски пости 2026 - кога се јаде масло и риба, а кога се готви само на вода?
- Детали
- понеделник, 23 февруари 2026
Погледнете го типикот, односно правилата за велигденските пости 2026 - на кои денови се јаде само „на вода“, кои денови се дозволени масло и вино, а кој ден може да се јаде и риба?

Велигденските пости за 2026 започнуваат на 23 февруари и траат до 12 април, а верниците треба да бидат добро информирани за правилата за постење.
Иако многумина сметаат дека треба само избегнуваат месни и млечни производи од животинско потекло, сепак постот е многу повеќе од тоа, а точно се знае кои денови може да се употребува масло во готвењето и кои се ретките денови кога може да се јаде риба.

Генерално, во текот на велигденскиот пост:
- од понеделник до петок е строг пост без масло и се готви само „на вода“;
- во саботите и неделите се дозволени масло и вино, како и на деновите кога се паѓаат големи празници, за кои има ублажување на постот - 12 март (четврток), 25 март (среда), 7 април (вторник), 9 април (четврток);
- риба може да се јаде само на Цветници - 5 април (недела).

Погледнете го типикот за велигденските пости 2026, споделен на сајтот на Македонска православна црква - Охридска Архиепископија:

Фото: depositphotos.com / mpee.mk