Каролина со моќна порака од Германија: „Тажно е што кога од многу страни сакаат да нè згазат, ние се газиме меѓу себе“

„Вечерашниов концерт бил бојкотиран, се испраќале апели да не се присуствува. Притоа, бојкотот не е ни од Грци, ниту од Бугари, ниту од овие вчера што ни го газеле знамето, туку од македонско друштво од Дизелдорф“, вели разочарано Каролина и повика на сплотеност меѓу Македонците.

karolina-so-mokjna-poraka-od-germanija-tazhno-e-shto-koga-od-mnogu-strani-sakaat-da-ne-zgazat-nie-se-gazime-megju-sebe-01.jpg

Поп-ѕвездата Каролина Гочева во изминатиот период имаше концертна турнеја низ неколку германски градови.

Успешните концерти, добрата атмосфера и дружењето со нашинците, на момент беа засенети од немил настан кој се случувал во очи концертот.

Имено, Каролина на настапот во Дизелдорф откри дека неколкумина македонски иселеници, преку едно од друштвата на иселениците, повикувале на бојкот на нејзиниот концерт во овој град.

Каролина не го криеше разочарувањето, но и покрај тоа повика на сплотеност и поддршка на Македонците и ширење љубов меѓу луѓето, а не омраза и ставање „сопки“.

karolina-so-mokjna-poraka-od-germanija-tazhno-e-shto-koga-od-mnogu-strani-sakaat-da-ne-zgazat-nie-se-gazime-megju-sebe-07.jpg

Во видеото кое се споделува на социјалните мрежи, Каролина вели:

„Пред неколку дена дознав за еден пример кој не е толку светол, а морам да го спомнам вечерва. Претпоставувам дека некои од вас ќе знаат за што ќе кажувам сега.

Ова се случувало од пред неколку месеци, откако објавивме датуми за концертите низ Германија, но јас дознав пред неколку дена - добро ме чувале нашите организатори.

Вечерашниот концерт бил постојано бојкотиран, се испраќале апели да не се присуствува вечерва.“

karolina-so-mokjna-poraka-od-germanija-tazhno-e-shto-koga-od-mnogu-strani-sakaat-da-ne-zgazat-nie-se-gazime-megju-sebe-02.jpg

По ова публиката почнува да вика „уааааа“ и „уууу“, но Каролина ги запира.

„Стоп. Не, ве молам, нема потреба од тоа. Ние тука шириме љубов, но мора да си кажеме што имаме.

Притоа, бојкотот не е ни од Грци, ниту од Бугари, ниту од овие вчера што ни го газеле знамето, туку од македонско друштво од Дизелдорф.

Затоа сакам да ве замолам нешто. Доколку сте утре овде и сте слободни, или ако не сте, ве молам пробајте да се ослободите и не го пропуштајте утрешниот настан, кој го организира македонското здружение, каде настапуваат моите драги колеги Зуица и Наум.

И во иднина, не пропуштајте ниеден настан организиран од Македонците за Македонците, без разлика за која сфера станува збор.

Малку сме и навистина е тажно да не се поддржуваме и да не се чуваме едни со други, а уште потажно и погубно, е што во еден ваков период, кога од толку многу страни сакаат да нè згазат, ние се газиме меѓу себе“.

karolina-so-mokjna-poraka-od-germanija-tazhno-e-shto-koga-od-mnogu-strani-sakaat-da-ne-zgazat-nie-se-gazime-megju-sebe-05.jpg

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каролина Гочева на Сејшели со сопругот Михаил - романтични прошетки на рајскиот остров, чита книга н... „Летото нè повикува“ - напиша Каролина на видеото на Инстаграм Стори, снимено до...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Каролина Гочева издоминира со стајлинг од тантела во жирито на „Никад није касно“ (фото+видео) „Најголемиот сон си го остварив рано во животот – тоа е музиката“, вели Каролина...

Најчитани неделава