Хелена Роза на божиќен ручек кај ќерката во Нов Зеланд – сопругот меси бурек, трпеза со македонски специјалитети
- Детали
- среда, 25 декември 2024
„Прв Божиќ во домот на ќерка ми и зет ми Стефан“, напиша Хелена Роза на Инстаграм и објави неколку видеа од семејната прослава на католичкиот Божиќ.

Кјара, ќерката на Хелена Роза, која од неодамна е во брак со Стефан Пауни од Нов Зеланд, синоќа (24.12) ја организираше првата семејна божиќна забава.

На празничен ручек во нејзиниот дом беа поканети нејзиното и семејството на Стефан, а Кјара ја испочитува празничната традиција и семејството на нејзиниот сопруг, па направи вистинска гозба за католичкиот Божиќ.

На богатата трпеза имаше локална храна, но и македонски специјалитети, меѓу кои и баклави и бурек.

Бурекот го правеше Игор, сопругот на Хелена.
Поранешната водителка објави видео во кое покажа како тој развлекува кора за бурек во нивниот дом.

Таа сподели и неколку фотографии и видеа од домот на Кјара.
„Прв Божиќ во домот на ќерка ми и Стефан“, напиша Хелена на Инстаграм.

Таа откри и дека мажите од двете семејства уживале додека пушат наргиле во дворот на куќата.
Под елката полна со подароци, имаше по нешто за сите, а Кјара и Стефан купиле подарок и за нивното куче.
Погледнете повеќе фотографии од божиќната прослава:







А. Ј. | Црнобело