Прилепчанец ја запроси саканата на Зимзоленд во Скопје: „Ми требаше време да кажам ДА, не ми се веруваше“

„Дадовме отказ од работните места во Прилеп и само што се преселивме во Скопје отидовме на лизгање на Зимзоленд. Тој ме праша дали би сакала да сум запросена на вакво место и одеднаш клекна, а јас бев шокирана бидејќи мислев дека падна со лизгалките, а не дека ме запросува“ - раскажува Благица од Прилеп за CRNOBELO.com.

prilepchanec-ja-zaprosi-sakanata-na-zimzolend-vo-skopje-mi-trebashe-vreme-da-kazham-da-ne-mi-se-veruvashe-01.jpg

Благица Тодороска и Благоја Желчески по потекло се од Прилеп, но на крајот од декември 2024, одлучиле да дадат отказ од работа и заедно се преселиле во Скопје, каде се вработиле истовремено на нови работни места во различни области.

Тие се во врска една година, а нивните симпатии се разгореле во компанијата во која заедно работеле. Новото поглавје во животот го натерало прилепчанецот Благоја да посака да ја крунисаат љубовта со брак. 

Кога дошле во Скопје, тие биле во посета на Зимзоленд, бидејќи внуката на Благица многу сакала лизгање на мраз, а токму таму саканиот ја изненадил со свршенички прстен кој таа не го очекувала.

prilepchanec-ja-zaprosi-sakanata-na-zimzolend-vo-skopje-03.jpeg

За CRNOBELO.com Благица раскажува подетално за нивната љубовна приказна и за запросувањето: 

„Очекував запросување, но не баш сега, искрено бев шокирана. Ние бевме во Скопје со мојата сестра, мојот зет и внуците, тогаш и се вселивме во станот.

Јас само што пристигнав од работа, а ми беше прв работен ден во новата компанија и се договоривме да одиме на лизгање на мраз на Зимозоленд, бидејќи мојата внука сакаше.

Пристигнавме таму, изнајмивме лизгалки иако јас дотогаш немам лизгано воопшто, а мојата сестра, зет ми и внук ми нè чекаа надвор.

Во еден момент кога лизгавме кон страната каде што стоеја тие, тој ме праша дали би сакала на вакво место некогаш да бидам запросена.

Јас на тоа му реков: Да баш сакам, тие места како лунапарк ми се преубави, но знам дека нема немаш прстен и во еден момент го видов како се спушта на земја, јас мислев дека паѓа поради лизгалките, не поради запросувањето.

prilepchanec-ja-zaprosi-sakanata-na-zimzolend-vo-skopje-06.jpeg

Бев шокирана и во исто време превозбудена, бидејќи кога во животот имав најголеми падови (пред два месеца го изгубив мојот татко), тој ми ја докажа сета љубов што ја чувствува за мене и ме направи најсреќна кога бев најтажна воедно.

Мојот партнер имаше трема бидејќи јас бев шокирана и не ми се веруваше, додека кажав „да“ мислам дека се замрзна на мразот.

Мојата внука исто беше шокирана, не знаеше што точно се случува. А од другата страна пак, гледам како мојата сестра и зет ми се радуваат за нас.

prilepchanec-ja-zaprosi-sakanata-na-zimzolend-vo-skopje-02.jpeg

Пред две недели бевме во Солун, каде што Благоја со мојот зет го купил прстенот, но јас не се ни посомневав. Прстенот цело време бил околу мене бидејќи се селевме, тој го носел со себе вечерта и кажа дека го понел тој момент каде што сепак биле тука моите блиски и си рекол дека ќе го искористи.

Прстенот е баш како што сакав и отсекогаш сум замислувала таков. Нема подобро да сакаш и да бидеш сакана, а истовремено да бидеш почитуван и поддршка еден за друг, ете тоа е чиста љубов, а тоа го научив баш со него. Ако се поддржуваш тогаш се сакаш вистински и можеш да успееш во сè.

prilepchanec-ja-zaprosi-sakanata-na-zimzolend-vo-skopje-05.jpeg

Тој сакаше новата година да ни започне само со убавини - прво селење во Скопје, прв работен ден и запросување, а откако старата година ми заврши на многу грд начин со губењето на мојот родител, во новата влегов со сосема нови нешта за коишто знам дека татко ми се гордее со нас“.

prilepchanec-ja-zaprosi-sakanata-na-zimzolend-vo-skopje-04.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...

Најчитани неделава