Браво! На Клиниката во Скопје извршена прва трансплантација на коска кај дете, од починат донор

„Ќе продолжиме со уште посилно темпо заедно со сите чинители да ја подигнуваме свесноста за овој највисок акт на човекољубие“ истакна проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, по успешната операција.

bravo-na-klinikata-vo-skopje-izvrshena-prva-transplantacija-na-koska-kaj-dete-od-pochinat-donor-01.jpg

Денес на Клиниката за ортопедија во Скопје првпат е извршена трансплантација со коска од починат донор, а пресадена е кај 13 годишно дете.

По успешната операција, на Фејсбук страницата на Министерството за здравство објавија соопштение за првата ваква трансплантација кај нас:

Успешна трансплантација на Клиника за ортопедија, со имплант, односно коска од починат донор, која е имплантирана на два прста кај 13 годишно дете со брахидактилија.

За првпат кај нас е извршена ваков тип на трансплантација и детето е со уреден постоперативен тек.

bravo-na-klinikata-vo-skopje-izvrshena-prva-transplantacija-na-koska-kaj-dete-od-pochinat-donor-03.jpg

„Изразувам посебна благодарност и честитки за целиот тим предводен од д-р Даница Поповска и доц. д-р Илир Шабани, како и сите здравствени работници кои учествуваа во оваа трансплантација: д-р Лилјана Ангелеска, д-р Теодора Божиновска, д-р Филип Видоевски, инструментарки Сузана Пејчиновска, Арјета Мемети, анестетичар Менка Дојчиновска, радиолошки технолог Крешник Шеху и гипсер Ирена Галевска.

Ќе продолжиме со уште посилно темпо заедно со сите чинители да ја подигнуваме свесноста за овој највисок акт на човекољубие“ истакна проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

bravo-na-klinikata-vo-skopje-izvrshena-prva-transplantacija-na-koska-kaj-dete-od-pochinat-donor-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
„Прва пролетна прошетка“ - Дејан Манасков и сопругата со новородениот син уживаат во Битола Со капчиња во тон, Дејан Манасков и убавата Билјана Стојановска го шетаат својот...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
„Влатче, дете од кое сите наставници бевме испочитувани“ – Сеќавања на Влатко Илиевски, 7 години отк... Елена Ристеска објави заедничка фотка со него и напиша „7“, манекенката Викториј...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...

Најчитани неделава