Ивона Јо закрепнува по операцијата во Турција: „Отстранети се 11kg кожа и масти“

„Секој втор ден одам на истиснување на лимфата од телото која кај мене сега ja има во големи количини, а секојдневно имам премачкување на телото, отворање на корсетот...“, вели Ивона Јо за CRNOBELO.com, откако пред 2 недели направи операција за отстранување на вишокот кожа на абдоменот.

ivona-jo-se-oporavuva-po-operacijata-vo-turcija-vekje-namaliv-11kg-poleka-se-krshat-lancite-shto-mi-tezhea-01.jpg

Пејачката Ивона Јо, која на крајот на јануари 2025 направи операција за отстранување на вишокот кожа во болница во Турција, одлично закрепнува.

Иако на моменти ѝ е тешко, и сè уште ги чувствува болките од операцијата, таа сè полесно се движи, а и сама станува од кревет, што е голем напредок во процесот на рехабилитација.

Пејачката за CRNOBELO.com вели дека ја чека долг пат, но дека досега намалила 11kg, а од нив 6kg се вишокот кожа што ѝ беше отстранета.

И покрај тоа, Ивона е задоволна и благодарна за сите позитивни промени што ѝ се случуваат периодов.

ivona-jo-se-oporavuva-po-operacijata-vo-turcija-vekje-namaliv-11kg-poleka-se-krshat-lancite-shto-mi-tezhea-06.jpg

За тоа како се чувствува првите недели по операцијата и како тече закрепнувањето, Ивона вели:

„Изминаа 16 дена од операцијата која ја направи доктор Емрах Аслан.

Благодарна сум што за толку кратко време имам навистина големи резултати, веќе можам да се движам сама полека, можам да станувам од кревет, а тоа беше навистина голем предизвик претходниве две недели.

Операцијата ја направивме на 22 јануари, значи поминати се малку повеќе од две недели, а јас се чувствувам како да е поминат месец и пол.

ivona-jo-se-oporavuva-po-operacijata-vo-turcija-vekje-namaliv-11kg-poleka-se-krshat-lancite-shto-mi-tezhea-03.jpg

Опорувањето оди брзо, телото ме слуша, го негувам, внесувам многу протеини, минерали, витамини, односно сите препораки од докторот ги слушам и многу сум дисциплинирана што се однесува до правилата и прописите кога се работи за здравје, така што сè е под контрола.

Многу сум благодарна на сите луѓе што ми даваат неизмерна поддршка овој изминат период.

Најголема поддршка ми се моите најблиски дома кои се секој втор ден во Скопје, Тамара којашто 24 часа е до мене и ми е и десна и лева рака.

ivona-jo-se-oporavuva-po-operacijata-vo-turcija-vekje-namaliv-11kg-poleka-se-krshat-lancite-shto-mi-tezhea-05_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава