Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Скопскиот маратон дел од Twitterton

skopskiot-maraton-del-od-twitterton-povekjeСкопскиот маратон е еден од 26-те маратони низ целиот свет кои ги соединија своите сили за меѓусебна поддршка на Твитер во тек на 26 дневниот Твитертон.

 

Маратон Твитертон е инициран од Миланскиот градски маратон, а првиот е одржан на 19-ти март. Првиот ден Миланскиот градски маратон испрати по Твитер Порака за надеж до Маратонот на сончевата еклипса. Во текот на 26 дена, секој од 26-те маратони учесници ќе твитаат пораки на нивниот јазик за следниот маратон се до последната порака која ќе биде испратена назад до Миланскиот градски маратон на 13 април.

Скопскиот маратон порака за надеж ќе прими од Дингл маратонот во Ирска, а својата порака ќе ја испрати до BMW Маратонот во Берлин. Ноќта пред Миланскиот маратон, организаторите ќе ги исцртаат сите 26 пораки на летечки змаеви кои ќе бидат пуштени да летаат над градот.

„Со станувањето на скопскиот маратон традиција и знаменитост на градот, сакавме да бидеме вклучени и во оваа специјална активност која го слави маратонскиот дух низ целиот свет. Со испраќање на порака за надеж низ целиот свет, ние ги прифаќаме како наши вредностите на маратонското трчање – издржливост, борбеност и истрајност и со тоа сакаме да ги охрабриме сите народи и нации да се чувствуваат како дел од едно глобално семејство“, изјави Кире Синадиновски, директор на Скопскиот маратон.

Сите твитерџии кои го следат Скопскиот маратон (www.twiter.com/skopjemarathon), при ретвитање на нашата порака или нивни пораки доколку го вклучат #MCM2012 хаштагот ќе учествуваат во наградната игра со постирање на порака за надеж и пријателство во текот на целото натпреварување. Наградната игра ја организира Миланскиот градски маратон, а трае се до 13-ти април.

Пораките за надеж можат да бидат видени на https://twitter.com/#!/search/%23MCM2012, а пораките на секој маратон ќе бидат испраќани секој час во текот на 26-те дена.

Скопски маратон ќе се одржи на 6 мај, а пријавувањата се веќе во тек.

Листата на 26-те маратони според распоредот на испраќање на пораката за надеж

  1. Барклејс Милано Градскиот маратон, Италија
  2. Соларна еклипса маратон, Порт Даглас, Австралиа
  3. Маратон на Големиот ѕид, Бејџинг, Кина
  4. Голд Коуст Аирпорт маратон, Голд Коуст, Австралија
  5. Аиртел Делхи Полу маратон, Индиа
  6. Биг Фајв маратон, Ентабени, Јужна Африка
  7. Нордеа Рига маратон, Рига, Латвија
  8. Петра маратон „Трчај назад во времето“, Петра, Јордан
  9. Братај Виндермер маратон, Виндермер, Кумбрија, Обединото Кралство
  10. Реге маратон, Негрил, Јамајка
  11. Миракл Мач маратон, Вако, Тексас
  12. Еџ то Еџ Маратон, Ванкувер, Канада
  13. Лонг бич Интернашнел Сити Банк маратон, Калифорнија, САД
  14. Видактива Кито полумаратон, Кито Еквадор
  15. Амика Сиетел маратон, Сиетел, Вашингтон САД
  16. Маратон на Велигденските острови, Велигденски острови, Чиле
  17. ВМО Ванкувер маратон, Ванкувер, Канада
  18. Маратон Интернашнел де Пакасмајо, Пакасмајо, Перу
  19. УЦЦ Кофи Кона маратон, Хаваи, САД
  20. Випро Сан Франциско маратон, Сан Франциско, САД
  21. Пунта Кана Полумаратон, Доминиканска Република
  22. Нашенал Колеџ Блу Риџ маратон, Раноке, Вирџинија, САД
  23. Полар Сиркл маратон, Кангерласуак, Гренланд
  24. Дингл маратон, Дингл, Ирска
  25. Скопски маратон, Скопје, Македонија
  26. БМВ Берлински маратон, Берлин, Германија

Би можело да ве интересира:

Ноне покажа како навистина изгледа посетата на пирамидите во Египет - Многу луѓе и коњски кочии Ноне откри дека додека јавале камила, мажот кој ги водел се ценкал со нив колку ...
Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе имаме топла пролет, но можни се и временски непогоди со град“ „Оваа пролет ќе имаме многу топли денови, често ќе имаме и натпросечно високи те...
Македонскиот поет и лекар Александар Саша Трајковски е добитник на Платинеста плакета за најубава по... Македонскиот поет и лекар Александар Саша Трајковски е добитник на Платинеста пл...
Синот Дарен ја разнежи Тамара на настап во Маврово: Го држи во прегратка, ја пее „Признавам“ Тамара Тодевска направи одлична забава во Маврово и не ги криеше емоциите кога с...
Изјавата на Васил Гарванлиев за Backstage, која предизвика лавина реакции: „Благослов е да си геј во... Новата 16-та сезона на единствениот естраден ТВ магазин Backstage започна. Нови ...
Милена од Прилеп со двете деца маскирана во „мајка на змејови“ за Прочка: „Се спремавме од декември“ „Беше предизвик да го убедам поголемиот син, бидејќи сакаше да биде Спајдермен, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg