„Пеј си најубаво, таму горе“: Колегите и блиските се збогуваат од Андреј од ДНК

Колегите на Андреј од ДНК се во неверување за трагичната смрт на музичарот и со емотивни пораки се простуваат од него.

pej-si-najubavo-tamu-gore-kolegite-i-bliskite-se-zboguvaat-od-andrej-od-dnk-01.jpg

Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ згаснаа многу животи, а меѓу починатите е и Андреј Ѓорѓиески од ДНК.

42-годишниот музичар настапуваше со колегата Панчо кога избувнал пожарот.

Додека сестра му на Панчо сподели дека тој е во болница со изгореници, Андреј не ја преживеал трагедијата.

Блиските колегите на Андреј веќе се збогуваат од него со емотивни објави на социјалните мрежи:

„Голем човек, големо срце голема загуба. Почивај во мир добро човече, баш на оваа песна ви пеев пратечки вокали…

Пеј како што си знаеше ти најгласно, најубаво, таму горе. Не сакам да верувам“, напиша Антониа Гиговска.

pej-si-najubavo-tamu-gore-kolegite-i-bliskite-se-zboguvaat-od-andrej-od-dnk--02_copy.jpg

„Приказната за љубовта се состои од здраво и збогум, сè додека не се сретнеме повторно. Сите бевте ангели на земјата, ми беше огромна чест што ве познавав и живеев во вашето време.

Сара, Андреј, Џоко и Филип“, стои во објавата на Весна Петрушевска.

„Кажи ни како без вас да бидеме, кога ни требате, кога ни требате… пејте ни од горе … Ќе ве слушаме“, напиша Ивона Јо

pej-si-najubavo-tamu-gore-kolegite-i-bliskite-se-zboguvaat-od-andrej-od-dnk-03_copy.jpg

„Братче многу те сакам, многу ќе ми фалиш. Требаше да пиеме пивце оваа недела“, стои во објавата на Миро Кацаров.

pej-si-najubavo-tamu-gore-kolegite-i-bliskite-se-zboguvaat-od-andrej-od-dnk-04.jpg

„…остави да збори ’цела чаршија‘. Не ми се верува најголем човеку! Царство небесно“, пишува Бока Конга.

pej-si-najubavo-tamu-gore-kolegite-i-bliskite-se-zboguvaat-od-andrej-od-dnk-05.jpg

„Зарем ова требаше да биде последното поздравување. Летајте кон ангелите“ - напиша Саања Лефкова.

pej-si-najubavo-tamu-gore-kolegite-i-bliskite-se-zboguvaat-od-andrej-od-dnk-08.jpg

„Оваа слика ќе ви каже многу за Андреј… Оваа слика ќе ви каже многу за секоја насмевка што успеваше да ја избави од секој човек. Оваа слика ќе ви каже дека да си човек треба малку, и за да бидеш среќен треба прво да си среќен со сам себе…

Во борба со животот, го даде својот за да направи туѓи животи поубави. Како што секад знаеше да го прави. Искрено, чисто и со љубов. Фала ти за сè брату мој, се гледаме на поубаво место, пеј и летај како што само ти знаеше. Со мерак, со душа, со љубов. Ќе фалиш засекогаш“, напиша Таско на Инстаграм.

„Андреј… срцево ми се кине на сто парчиња… а душава ПАРАМПАРЧЕ… Твојата милост и убавина не изостанаа ни во последните мигови пред заминеш засекогаш, спасувајќи други животи…

Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата човечност… Но, не мораше вака… И ова не смее да е крај… чувствувам тага и бес… не смееше да е вака…

Ќе те чувам заедно со нашите спомени, мило дете…“, напиша Калиопи

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...

Најчитани неделава