Почина Андреј Ѓорѓиески од ДНК – го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани

За жал, Андреј Ѓорѓиески го загуби животот на 43-годишна возраст, во трагичната несреќа, по пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани. 

pochina-andrej-gjorgjieski-od-dnk-po-pozharot-vo-diskoteka-vo-kochani-01.jpg

Помеѓу големиот број жртви по пожарот кој избувна синоќа во дискотека во Кочани, за жал е и Андреј Ѓорѓиески, членот на ДНК, кој наводно се вратил во локалот за да помогне на други луѓе. 

Цело утро за него се споделуваа апели да се пронајде, дека не се знае каде е, па по информацијата дека наводно е лоциран во болницата во Штип, за жал осамна потврда за неговата смрт кај медиумите и блиските колеги. 

За Сакам да кажам, близок пријател на Андреј открил дека пејачот го идентификувала неговата сопруга според часовникот што го носел на раката.

Дел од колегите и блиските веќе се простуваат од него на социјалните мрежи, меѓу кои Лила, Миа Костова, Тамара Тодевска... 

Миа Костова објави фотка со него, во позадина со хитот на ДНК „Ако утре ме нема“ и напиша:

„Срце планина. Си ја отпеа. Траор. Ужас. Пекол од ден“.

pochina-andrej-gjorgjieski-od-dnk-po-pozharot-vo-diskoteka-vo-kochani-03.jpg

Зад себе, Андреј ги остави сопругата Наталија и ќерката Јана.

Освен по музичката кариера, беше познат и по тоа што беше голем хуманитарец и заедно со Панчо имаа помогнато на голем број семејства и лица кои имаа потреба од секаква помош. 

Во катастрофалниот пожар, животот го загубија уште неколку членови на бендот, меѓу кои Ѓорѓи Горѓиев, тапанар во бендот на ДНК, Александар Ефремов, фотограф кој секаде ги следеше Андреј и Панчо на сите настапи, Филип Стевановски и Александар Коларов, клавијатуристот и гитаристот во бендот. 

Во трагичниот настан, досега е потврдено дека загинаа 59 лица, но информациите се менуваат постојано. 

Андреј беше роден на 9 февруари 1982 во Скопје, а својата заедничка музичка кариера со Панчо ја започнаа во 2001 година кога го објавија првиот сингл „Девојка за везден“.

Последна информација за Владимир Блажев - Панчо, е од неговата сестра утринава, која потврди дека е во болница во Скопје, со изгореници на раката и на кислородна поддршка. 

Панчо од ДНК хоспитализиран во Скопје по синоќешниот пожар – објавени неофицијални листи со примените во скопските болници

Дел од останатите на естрадата кои се простуваат од Андреј: 

Лила Филиповска

Куме мој 
Навикната бев да ви ги споделувам новите песни и спотови на ДНК со години наназад. Никогаш не помислив дека сега ќе споделам ваква тажна, претажна вест.
Кога ми ја пушти песната “Ако утре ме нема” ти реков дека многу ми се “свиѓа” без да помислам дека таа песна ти ја претскажа тажната судбина.
Те нема веќе куме ама само физички… во срцата на оние кои те сакаат ќе те има засекогаш.

Летај куме летај со ангелите и чувај нѐ од горе а ние вечно ќе те памтиме и ќе ни фалиш.

Искрено и длабоко сочувство до твоето прекрасно и неутешно семејство.

Тамара Тодевска 

pochina-andrej-gjorgjieski-od-dnk-po-pozharot-vo-diskoteka-vo-kochani-000.jpg

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Почина мајката на Дарко Илиевски, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги с... „Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најго...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Од инфаркт во сон почина Кили (58), сопругата за CRNOBELO вели: „Само убави работи памтам со него“ „Само убави работи памтам со него. Почина во сон од инфаркт“, вели за CRNOBELO.c...

Најчитани неделава