Владата прогласи 7-дневна жалост и вонредни инспекциски надзори врз угостителските објекти низ Македонија

„Владата донесе одлука за прогласување на 7-дневна жалост. Секој да се придржува до одлуката, бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни“, стои во официјалното соопштение на Владата.

vladata-proglasi-7-dnevna-zhalost-i-vonredni-inspekciski-nadzori-vrz-ugostitelskite-objekti-niz-makedonija-01.jpg

По трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, во 16:00 часот владата одржа вонредна седница која започна со едноминутен молк за да им се оддаде почит на загинатите.

Како што беше најавено, донесена е одлука за прогласување на 7-дневна жалост. на територијата на целата држава.

Најавени се и вонредни инспекциски надзори врз угостителските објекти.

„На денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100-ци луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа, Владата донесе одлука за прогласување на 7 дневна жалост на територија на целата држава.

Секој да се придржува до одлуката, бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на жалост во рамки на министерството за огромната несреќа која се случи.

Исто така, на владината седница се донесе одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор), на територијата на Република Северна Македонија и за наодите од надзорот веднаш да ја известат Владата, за да се утврди фактичката состојба дали истите работат според стандардите ги исполнуваат условите согласно законите и прописите на државата“, стои во официјалното соопштение на веб-сајтот на Владата.

Во соопштението е наведено дека надлежните институции работат на расчистување на случајот и истакнуваат дека секој кој бил инволвиран во трагедијата, ќе одговара.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Андријана Јаневска прослави 15 години брак – свадбата ја правеле во Имес, денес со синовите уживаат ... Андријана Јаневска објави пред и потоа фотки – една од свадбата со Гино пред 15 ...
„Куќата без тебе не е куќа, тишината без твојата смеа е потешка од секој крик“ - Таткото на Надица к... „Една година срцето на татко ти плаче за тебе, за твојата насмевка, за твоите че...

Најчитани неделава