Фудбалерот Андреј Лазаров загина во пожарот во Кочани, додека пробувал да им помогне на другите

Андреј Лазаров, кој играше за ФК Шкупи, трагично го изгуби животот во синоќешниот пожар во Кочани. Од фудбалскиот клуб соопштија дека во последните мигови од животот, Андреј херојски пробувал да им помогне другите во дискотеката.

fudbalerot-andrej-lazarov-zagina-vo-pozharot-vo-kochani-dodeka-probuval-da-im-pomogne-na-drugite01.jpg

Меѓу загинатите во пожарот во кочанската дискотека е и фудбалерот Андреј Лазаров кој играше за ФК Шкупи.

Најпрво, блиските трагаа по младиот фудбалер, пред официјално да биде потврдено дека и тој е меѓу многуте жртви.

Веста за неговата трагична смрт ја споделија и од неговиот фудбалски клуб, од каде потенцираат дека во последните мигови од животот, Андреј бил херој и им помагал на другите.

„Со длабока болка и огромна тага ја споделуваме веста дека нашиот фудбалер, Андреј Лазаров, е потврден како една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во текот на ноќта во Кочани.

Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент.

Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце.

Ова е огромна загуба за нашиот клуб, за неговите соиграчи и за целата фудбалска заедница. Зборовите се мали за да ја опишат болката што ја чувствуваме во овие моменти, во оваа трагедија – една од најголемите во која е погодена нашиот клуб во неговата историја.

ФК Шкупи изразува најискрено сочувство до неговото семејство, неговите блиски и целото големо семејство на нашиот клуб.

Андреј беше дел од Шкупи само шест месеци, но неговото име засекогаш ќе остане неизбришлив дел од нашиот тим.

Споменот за него ќе живее вечно во нашите срца“, стои во Фејсбук објавата на ФК Шкупи.

fudbalerot-andrej-lazarov-zagina-vo-pozharot-vo-kochani-dodeka-probuval-da-im-pomogne-na-drugite-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
„Ти си ми сè во животот“ - Елена Најдоски прослави трета годишнина од брак со саканиот Бојан во лукс... „Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пр...

Најчитани неделава