20-годишниот кошаркар Петар Ивановски меѓу трагично загинатите во Кочани

„Аххх, аххх наш Петар - голем човек со големо срце, беше голем борец“ - пишува во објавата од клубот на младиот кошаркар.

20-godishniot-kosharkar-petar-ivanovski-megju-tragichno-zaginatite-vo-kochani-01.jpg

Откако вчера (16.03) осамна веста дека во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа фудбалерот Андреј Лазаров и 18-годишниот голман од Штип, Дамјан Танески, денес Македонија се простува и од кошаркарот Петар Ивановски.

Веста за неговото загинување ја споделија од неговиот клуб, третолигашот, Дино Баскет Деликатес.

20-godishniot-kosharkar-petar-ivanovski-megju-tragichno-zaginatite-vo-kochani-02.jpg

„Аххх, аххх наш Петар.

Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија.

Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Ја почна кариерата уште на најмала возраст, освојуваше многу трофеи и победи во рамките на клубот.

Тагата е преголема, сочувство до семејството…“ - пишува во објавата.

20-godishniot-kosharkar-petar-ivanovski-megju-tragichno-zaginatite-vo-kochani-03.jpg

Петар беше меѓу лицата за кои семејството и пријателите бараа информации преку социјалните мрежи, но за жал, неговите најблиски ја добија најстрашната вест, дека тој е загинат.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, а околу 150 се повредени.

Погледнете ја објавата:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Наш пастор со ќерката во раце: „Еден ден Петра на тој некој ќе му зборува 'Tате ме чуваше вака, ме с... „Еден ден Петра ќе му зборува на тој некој: Тате мој правеше вака... Тате мој ме...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...

Најчитани неделава