Насоки од МОН за родители во услови на криза: „Уверете ги децата дека се безбедни, истакнете дека сте тука за нив“

„Одржувајте ја редовната рутина на децата и бавете се со активност што ги смирува. За децата е од важност да знаат дека се на сигурно и дека постојат работи што ги прават и со кои можат сами да си помогнат“, советуваат од МОН.

nasoki-od-mon-za-roditeli-vo-uslovi-na-kriza-uverete-gi-decata-deka-se-bezbedni-istaknete-deka-ste-tuka-za-niv-01.jpg

Од Министерството за образование и наука на родителите во Македонија преку Вибер им се испраќаат „Насоки за родители во услови на криза“.

Нивното упатство ќе им помогне на многу родители како да разговараат со своите деца во време на ваков тип на криза, како страотниот пожар од Кочани, каде 59 лица ги изгубија животите.

Како родител, природно е да се чувствувате вознемирени и несигурни како да разговарате со вашето дете за кризната состојба на која моментално сме сведоци.

Важно е да знаете дека децата се вртат кон своите родители/негуватели за поддршка и за да се чувствуваат безбедно. Ова важи за сите деца, без разлика дали се тоа мали деца, адолесценти или дури и млади возрасни.

nasoki-od-mon-za-roditeli-vo-uslovi-na-kriza-uverete-gi-decata-deka-se-bezbedni-istaknete-deka-ste-tuka-za-niv-03.jpg

Неколку кратки совети кои ќе им помогнат на вашите деца да се справат со последици од трауматски настан:

1. Уверете ги децата дека се безбедни. Истакнете дека сте тука за нив, дека се сега на сигурно и дека службите работат за да се справат со ситуацијата.

2. Одржувајте ја редовната рутина на децата и бавете се со активност што ги смирува. За децата е од важност да знаат дека се на сигурно и дека постојат работи што ги прават и со кои можат сами да си помогнат. Тоа ја гради вербата во нивната способност да се справуваат и може да ги направи нивните емоционални реакции помалку интензивни. Понудете им избор за некоја активност и приклучете им се доколку можете.

3. Започнете разговор и слушајте ги внимателно без да ги прекинувате. Имајте на ум дека децата веќе слушнале нешто за настанот. Прашајте ги што знаат, што мислат за тоа, како се чувствуваат за тоа што се случило и потврдете дека нивните реакции се нормални и очекувани. Уверете ги за нивната безбедност и вклученоста на различни групи од општеството во справување со настанот.

4. Ограничете го времето поминато со вести за настанот и внимавајте со информациите кои ги споделувате на социјалните мрежи. Постојаното изложување на медиумски содржини може да ги зголеми вашите и нивните грижи и стравови. Споделувањето на информации може исто така да придонесе кон нејаснотии или ширење на непроверени податоци што може да направат штета. Придржувајте се до потврдени информации од релевантни извори. Од суштинска важност е да се работи на справување со вознемиреноста кај децата. Важно е на децата да им се укаже дека станува збор несреќен случај, кој е изолиран и не треба да се генерализира во колективна и постојана опасност.

5. Особено е важно како родители да се воздржувате од споделување на вознемирувачки вести и фотографии во групите формирани на ниво на училиште. На овој начин може да се превенираат штетните ефекти од шпекулациите и непроверените информации што наредните денови ќе се пласираат во јавноста (вознемирувачки информации, детали и фотографии).

6. Бидете пример за вашите деца за тоа како може да се справуваат со стресни искуства. Придржувајте се кон проверени информации од службите, внимавајте како зборувате за темата, уважете ги очекуваните емоции од стресните настани и одржувајте го вашиот редовен распоред колку што можете повеќе за одново да воспоставите чувство на контрола и сигурност.

Доколку некои деца чувствуваат потреба повеќе да разговараат во врска со овие случувања или се повеќе вознемирени, упатете ги до училишниот психолог или друго стручно лице.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
Од семејните албуми на Ребека од ‘80-тите: „Татко ми ги развиваше фотографиите во кујната на јажиња ... „Мојот татко Благоја, црнобелите фотографии ги развиваше дома во кујната и тоа з...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео... Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надвореше...

Најчитани неделава