Марко го истетовира ликот на Андреј ДНК на негов пријател: „Ми беше тешко да се фокусирам бидејќи се знаевме“

„Ден по несреќата Андреј имаше закажано, требаше да го тетовирам него. Откако пред два дена ја направив тетоважата со неговиот лик, ми се јави и неговата мајка, на која ѝ беше чест што го тетовиравме нејзиниот ангел на раката на негов близок пријател“ – вели за CRNOBELO.com тату артистот Марко Тасевски.

marko-nacrta-tetovazha-so-lik-na-andrej-dnk-ja-napraviv-na-negov-prijatel-teshko-mi-beshe-da-se-fokusiram-01.jpg

Трагичната несреќа во дискотеката во Кочани, во која пожарот одзема 59 животи, остави неопислива болка и тага во цела Македонија и рана на срцата на блиските на починатите, која тешко ќе се залечи.

На социјалните мрежи се споделуваат многу спомени од членовите на групата ДНК, од која поголем дел ги загубија животите во пожарот, како доказ дека никогаш нема да бидат заборавени.

Прочитајте повеќе: Андреј, сите членови и фанови на ДНК, ни земавте дел од срцето: Македонија мисли на вас - нема да ве заборавиме

marko-nacrta-tetovazha-so-lik-na-andrej-dnk-ja-napraviv-na-negov-prijatel-teshko-mi-beshe-da-se-fokusiram-02.jpg

Тату артистот Марко Тасевски, на својот Инстаграм профил објави видео од најновата тетоважа која ја направил пред два дена, со ликот на Андреја Ѓорѓиески – познат како Андреј од ДНК.

marko-go-istetovira-likot-na-andrej-dnk-na-negov-prijatel-mi-beshe-teshko-da-se-fokusiram-bidejkji-se-znaevme-.jpg

Тетоважата е направена од фотографија на која тој пее на микрофон – нешто што повеќе од 2 децении го правеше од душа, пееше песни кои ги остави зад себе како наследство.

За CRNOBELO.com, Марко накратко ја раскажа приказната зад тетоважата, која тој ја направил на пријател на Андреј, во чест на неговиот прерано згаснат живот.

„Тетоважата е од пред два дена кога ја објавив, направена е на близок пријател на Андреј и Панчо, кој не би сакал да го именувам.

Тетоважи на починати личности ми се секогаш тешки за правење и ми се предизвик, но во овој случај беше особено тешко бидејќи и јас се знаев со Андреј.

Требаше него да го тетовирам ден после катастрофалната несреќа, имаше закажано термин, и затоа ми беше предизвик да бидам сконцентриран и фокусиран на работа.

Сепак, ја завршивме, а потоа и мајката на Андреј ме контактираше, ми кажа дека ѝ е чест што го тетовиравме ликот на нејзиниот ангел.

Тетоважата е направена од чиста емоција кон Андреј, како човек и како музичар“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Марко Пејчиновски: „Како мали со брат ми го видовме татко ни како чисти една гнасна кофа - добивме в... „Го прашавме татко ни: „Како не ти е гнасно тоа да го чистиш?“ Тој престана со м...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Марко Новески емотивен откако децата му проодеа: „Случајно ги снимив првите чекори на ќерката - маги... „Пред некој ден додека го снимав Вања како го шета Тимон, сосема случајно ги фат...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...

Најчитани неделава