Maкедонец, виртуоз на виолина, свири песна од ДНК и трогнува (видео)

„До сите кои сè уште се борат за живот, мислам на вас и ви посакувам сила додека се борите“, вели Петар Маркоски и трогнува со изведбата на песната „Што сака нека биде“ од ДНК.

makedonec-virtuoz-na-violina-sviri-pesna-od-dnk-i-trognuva-video-01.jpg

Петар Маркоски е дечко од Охрид, вљубеник во музиката, кој со себе секогаш и секаде ја носи својата виолина.

Снима забавни видеа на разни локации додека свири познати музички дела и неговите видеа се хит на Инстаграм.

makedonec-virtuoz-na-violina-sviri-pesna-od-dnk-i-trognuva-video-02.jpg

Тој е избран и за најдобар интернационален музичар во 2023-та, на Murex D’or, меѓународна церемонија за доделување награди, која се одржува во Либан.

Сега, тој ја отсвири песната „Што сака нека биде“ од ДНК на својата виолина и трогна со изведбата.

makedonec-virtuoz-na-violina-sviri-pesna-od-dnk-i-trognuva-video-03.jpg

Петар на Инстаграм во описот на видеото напиша:

„Длабоко сум натажен поради трагичната загуба на 59 животи во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, Македонија.

Моето искрено сочувство до семејствата и најблиските. Не можам ни да замислам низ каква болка поминувате, и моите мисли се со вас во ова неверојатно тешко време.

До сите кои сè уште се борат за живот, мислам на вас и ви посакувам сила додека се борите. Се надевам дека брзо ќе оздравите, и знајте дека не сте сами.

Ви испраќам сета моја љубов и поддршка“.

Кликнете на видеото:

Песната на ДНК:

Прочитајте и На гондола во Венеција, во шума: Запознајте го македонскиот Хаусер - дечко од Охрид свири на виолина на разни локации

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава