Македонка со емотивни стихови за Маршот за ангелите: „Кочанските мајки и татковци во црно завиени, со горки солзи залиени“

Стихови посветени на родителите на децата загинати во Кочани, кои вчера го изодеа „Маршот на ангелите“ во Скопје, градот кој некогаш беше симбол на солидарноста... „Ајде ред се редат, мале. Правда слепа, глува. Мајки страдни, жални...“

makedonka-emotivno-za-marshot-za-angelite-od-kochani-kochanskite-majki-i-tatkovci-vo-crno-zavieni-so-gorki-solzi-zalieni-01.jpg

Верица Стојанова Блажевска е наша новинарка и вљубеничка во пишаниот збор.

Таа „Маршот за ангелите“, односно за родителите на загинатите деца во пожарот во Кочани, кој ја зави Македонија во црно, напиша стихови кои трогнуваат.

Ги посвети на сите оние кои по оваа трагедија ќе останат засекогаш во црно завиени.

Нејзината објава на Фејсбук гласи:

„(Посветено на родителите кои денеска го изодеа Маршот на ангелите во градот кој некогаш беше симбол на солидарноста...)

Ајде ред се редат, мале
море ред се редат,
кочанските мајки и татковци во црно завиени, со горки солзи залиени.

Ајде ќе ми одат, мале
ајде ќе ми одат по пат, за пат да прашат, правда да барат.

Правда слепа, глува.

Ајде ред се редат, мале
мајки страдни, жални.

Татко, брат, дедо.
Мале, за своето чедо.

Ајде ред се редат, мале
ајде ќе ми одат Скопје,
да ги слушне секој, да ги види.

Со чекор бавен, со раце тешки,
носат слики вечни.

makedonka-emotivno-za-marshot-za-angelite-od-kochani-kochanskite-majki-i-tatkovci-vo-crno-zavieni-so-gorki-solzi-zalieni-02.jpg

Ајде ред се редат, мале
ајде ќе ми одат низ град голем,
со луѓе без човек, град сронет.

Море ред се редат, мале.

Ајде ред се редат, мале
море ред се редат.

А луѓето мале, само гледат.
Ни рамо, ни рака да пружат немат.

Мале, кочанските мајки и татковци
за правда се гладни, жедни.

А ние мале,
ние сироти сме и бедни.

Скопје, 29.04.2025 година“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...
Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Вирална објава на Македонка: „Ќе заглавиш со маж што ќе те тепа секој ден, а ќе ти викаат ‘Дај му ша... „Ќе заглавиш со некое говедо кое ќе те тепа секој ден, а комшиите ќе си ќутат за...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Мајката на Ивона која загина во Кочани објави снимки од неа од настапот на ДНК: „Ги гледам последнит... „Последните видеа… последните мигови кога моето дете и другите ангелчиња уште ја...

Најчитани неделава