Златко од Виница со протези на нозете изоде 2km за 30 минути на трка: „Не е важно колку бавно одиш, само да не застанеш“
- Детали
- четврток, 08 мај 2025
„Каков ден! Дождот денес не беше пречка - напротив, беше дел од предизвикот што со гордост го прифатив. Успеав да ги испешачам моите 2km за половина час на 12-тото издание на WFL World Run во Цуг“, вели Златко кој повторно се „победи“ себеси, две години откако му ги ампутираа нозете.
Златко Ѓорѓиев од Виница веќе 10 години живее во Фулинсдорф, Швајцарија со сопругата и двете деца.
Откако пред повеќе од две години, во март 2023-та, доживеа несреќа по која лекарите мораа да му ги ампутираат двете нозе за да преживее, Златко е скоро целосно рехабилитиран.
Денес, тој се движи самостојно со протези на нозете, вози автомобил, игра кошарка во количка, а изминатиов викенд учествуваше и на трка во Цуг, Швајцарија, каде што за половина час испешачи 2 километри.
Овој пат, меѓу оние кои го поддржуваа, беше и неговата сопруга, која пешачеше заедно со Златко и објавуваше фотки и видеа во текот на целиот настан.
Дел од нив, Златко, кој е вистински херој, ги сподели на својот Инстаграм.
„Каков ден! Дождот денес не беше пречка - напротив, беше дел од предизвикот што со гордост го прифатив.
Успеав да ги испешачам моите 2km за половина час на 12-тото издание на WFL World Run во Цуг.
Нашето мото беше #neverwalkalone (никогаш не оди сам), и навистина - не бев сам.
Заедно со мојот тим направивме чекор по чекор со срце, волја и многу емоции.
Не е важно колку бавно одиш - важно е да не застанеш“ - напиша Златко во пораката.
Ова е втор ваков настан на кој учествува тој.
Кон крајот на минатата година, Златко успеа да се „победи себеси“, кога изоде 5km на маратонот во Базел, со време од 50 минути и 40 секунди.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и Златко од Виница со силна порака 2 години по ампутација на нозете: „Животот ќе те удри кога не очекуваш, но ќе станеш!“
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





