Познатите Македонци откриваат навика за која не сакаат никој да знае: Тамара – грицка нокти, Миро Кацаров – тикови со уста
- Детали
- понеделник, 09 јуни 2025
„Дека си јадам цело време“ – открива Милена Антовска, Тамара Тодевска и Барбара Поповиќ признаваат дека грицкаат нокти, а пак Илариа Кирилов вели: „Вистинската дама се однесува исто и дома и на улица“. За CRNOBELO.com, познатите Македонци споделуваат која е навиката што не сакаат другите да ја забележат кај нив.
Познатите личности постојано се во фокусот на јавноста и тешко го одржуваат приватниот живот за себе, далеку од погледите на фановите и фотоапаратите.
Но сепак, зад затворени врати, понекогаш се сосема поинакви од она што го покажуваат на сцена или во јавност.
Секој од нив има по некоја навика на која не е многу горд, но сепак, не може да ја искорени, или едноставно не сака.
Познатите Македонци, во CRNOBELO лексикон одговараат токму на прашањето: За која твоја навика потајно се надеваш дека никој не ја забележува?
Некој одбива да открие, друг слатко ќе ве насмее со својот одговор, а трети ќе ве изненадат со нешто што навистина не сте го забележале и не сте го очекувале.
Прочитајте кои се навиките на познатите Македонци, за кои не сакаат другите да дознаат или да ги забележат:
Миро Кацаров
Некогаш правам „ццццц“ со забите и со устата, имам некои тикови кои се многу глупи, многу неубави.
Барбара Поповиќ
Грицкање нокти.
Милена Антовска
Дека си јадам цело време.
Илариа Кирилов
Се трудам да не правам нешто поради што би се срамела. Вистинската дама се однесува исто и дома и на улица.
Тамара Тодевска
Грицкањето на нокти. Најголем ужас. Не го правете тоа, ве молам!
Игор Стефановски – Иџе
Можеби тврдоглавоста којашто ја имам како човек, ама па како последица на тоа ги имам постигнато сите овие успеси.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





