Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сандра Кирков и по 5 месеци ја лекува пневмонијата: „Уште не е повлечена, пијам кортико и ги имав сите лоши нус-појави “

„Кога ме пуштија дома почнав со голема доза кортико и по некое време, преку ноќ се разбудив и главата ми беше тркалезна - најтипична нус појава. Плус несоници, задржување течности, промени во расположение. Немав многу сила ни да пешачам“, вели Сандра Кирков, која на почетокот на јануари беше задржана во болница со тешка пневмонија.

sandra-kirkov-i-po-5-meseci-ja-lekuva-pnevmonijata-ushte-ne-e-povlechena-pijam-kortiko-i-gi-imav-site-loshi-nus-pojavi-01.jpg

Скоро 5 месеци откако заврши во болница со пневмонија, инфлуенсерката Сандра Кирков одговараше на прашањата на своите следбеници поврзани со болеста, но и со некои од најтешките моменти низ кои поминувала.

sandra-kirkov-i-po-5-meseci-ja-lekuva-pnevmonijata-ushte-ne-e-povlechena-pijam-kortiko-i-gi-imav-site-loshi-nus-pojavi-15.jpg

Иако ѝ е тешко да зборува за неделите поминати во болница, кога лекарите едвај го откриле ефикасниот начин на лекување, Сандра собра сила и на Инстаграм Стори напиша дека следбениците може да ја прашаат што сакаат на тема пневмонија.

„Доколку остана нешто што не сум одговорила или чисто ве интересира, прашајте слободно“ - напиша таа.

sandra-kirkov-i-po-5-meseci-ja-lekuva-pnevmonijata-ushte-ne-e-povlechena-pijam-kortiko-i-gi-imav-site-loshi-nus-pojavi-04.jpg

Сандра сподели и видео и фотки од месеците поминати изолирана во болничката соба, додека плаче ноќе, со инфузија ставена во вена во ногата, откако лекарите не можеле да ѝ најдат вени на рацете...

Таа откри дека на пулмологија за неа се грижел д-р Дејан Тодевски, на инфективната клиника ја лекувале д-р Месут Хасипи и д-р Ирена Кондова.

sandra-kirkov-i-po-5-meseci-ja-lekuva-pnevmonijata-ushte-ne-e-povlechena-pijam-kortiko-i-gi-imav-site-loshi-nus-pojavi-02.jpg

Најпрво одговори на прашањето што смее да јаде, а што не.

„На почетокот воопшто немав апетит, на сила - јадев секој ден чисто дека морав.

Треба да се избегнува многу мрсна и пржена храна, газирани пијалаци секако ретко пијам ама и нив не ги препорачуваа.

Најмногу јадев супи и чорби, по некое мевце со пире, понекогаш ориз, чаеви, мнооогу овошје и зеленчук.

И секако, многу вода бидејќи телото губи доста течности, особено при потење и зголемена телесна температура“, напиша таа.

Сандра откри дека немала болки во слезината и во црниот дроб, а следбениците ја прашаа кои симптоми ги имала освен температура.

„Освен температурата што ми се качуваше секој ден, друго ништо посебно немав, ниту кашлав, ниту имав болки. Не ме болеше ни грло, не ми течеше нос, ништо. Само температура.

И бидејќи не се спушташе со денови, на 31.12 отидов на преглед каде што одма ми направија рентген и крвна слика и ми дадоа терапија (за дома).

Според рентгенот веднаш сфатија дека се работи за пневмонија, а и крвната слика беше лоша, сгр-то 200.

Од антибиотикот немаше подобрување, па после неколку дена, со влошена состојба, завршив на инфективна“ - напиша таа.

sandra-kirkov-i-po-5-meseci-ja-lekuva-pnevmonijata-ushte-ne-e-povlechena-pijam-kortiko-i-gi-imav-site-loshi-nus-pojavi-10.jpg

„Зошто се врати вториот пат? Недолечена беше или...?“ - е едно од прашањата.

„Ми се врати температурата после некој ден откако излегов. Веднаш отидов на преглед и видоа дека пневмонијата се проширила и на другото белодробно крило.

Па така, од преглед ме задржаа пак да си лежам на пулмологија за да може да ја контролираат ситуацијата, да си примам терапија и да се направат некои други испитувања“ - вели Сандра.

sandra-kirkov-i-po-5-meseci-ja-lekuva-pnevmonijata-ushte-ne-e-povlechena-pijam-kortiko-i-gi-imav-site-loshi-nus-pojavi-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg