Нашата Чарна блеска на изборот Мис на светот 2025 - не ја трга насмевката од лицето, шармира со природната убавина
- Детали
- понеделник, 19 мај 2025
„Една и единствена Џулија Морли“, напиша нашата убавица Чарна откако во Индија ја запозна најмоќната жена и вистинска легенда во модниот свет, а која стои зад изборот Мис на светот.

Чарна Невзати, нашата претставничка на изборот за Мис на светот 2025, скоро 2 недели е во Индија, во исчекување на финалето кое ќе се случи на крајот на мај.

Откако беше пречекана со традиционални индиски обичаи и се запозна со останатите учеснички на изборот, Чарна навистина ужива во секој момент што ѝ го носи денот и во секоја активност предвидена за девојките кои се дел од изборот.

Таа преку својот Инстаграм профил секојдневно споделува моменти од ова искуство - од организирана посета на локалното население, прошетки низ Индија, бројни забави и свечени вечери, преку спортски активности и посета на локалната полиција која се грижи за безбедноста на девојките.

Чарна откри и дека имала чест да се запознае со Џулија Морли, поранешен модел, а денес претседател на организацијата Miss World, која стои зад најголемите светски избори за Мис.
„Една и единствена Џулија Морли“, напиша нашата убавица.

За сето тоа време Чарна блеска и плени со својата насмевка и природна убавина.
