Жена во Македонија стана мајка на 57 години - по 22 години борба за потомство и 8 спонтани абортуси
- Детали
- четврток, 22 мај 2025
Вест која ќе им ги стопли срцата на паровите кои со години ја водат тешката битка за потомство. Соња и Марко, сопружници од Црна Гора, не се откажаа ни по 22 години, a најголемата среќа ја доживеаја во Македонија...
фото: Фејсбук
Уште една позитивна вест од светот на медицината во Македонија – 57-годишна жена, по 22 години борба за потомство и 8 спонтани абортуси, успеа на свет да донесе девојче, на кое со сопругот му го дадоа името Богдана.
Девојчето сега има 2 месеца, а од приватната болница Аџибадем Систина ја споделуваат среќната вест за нивниот успех.
Станува збор за Соња Миротиќ од Црна Гора, која со сопругот Марко дошла во Македонија за да го реализира својот сон да стане мајка.
Инаку, една од највпечатливите вести на ова поле во Македонија беше кога 61-годишна пациентка за првпат стана мајка, во 2024-та година, а се породи на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Таа е највозрасната пациентка која се породила во земјава, а на свет донесе момче, кое го крсти Петар.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





