Љупка Митрова со втора, смела венчаница на свадбата во Грција - Блеска во проѕирен фустан покрај саканиот Георги
- Детали
- понеделник, 26 мај 2025
Откако облече краток бел фустан за регистрацијата во петокот, а свадбата вчера ја отвори со елегантна венчаница во боја на шампањ, со неколку метри долг опашка, Љупка Митрова облече уште една венчаница - секси проѕирен фустан, припен до телото. Плус, имаше навистина впечатлива торта, а атмосферата ја заокружи со огномет.
Инфлуенсерката и сопственичка на модниот бренд Mitroff, Љупка Митрова и нејзиниот сакан Георги, вчера (25.05) направија раскошна свадба во Грција.
Забавата се одржа во луксузниот ресорт Mirragio на Халкидики, во присуство на околу 70 најблиски пријатели.
Па, откако во петокот направија регистрација, Љупка и Георги вчера имаа свадбена веселба.
Невестата најпрво се појави во раскошна венчаница со долга опашка од неколку метри, но потоа, како што одминуваше забавата, се преоблече во проѕирен секси фустан, кој го истакна нејзиното извајано тело.
Георги, пак, носеше елегантен костум со црни панталони и бело палто.
За свадбата да биде совршена и по нејзин мерак, Љупка се погрижи за сите гости да има однапред означено место за седење, а нивните имиња беа испишани на школки.
На масата доминираа бели кали, исто како и на свадбената торта. На тортата беа испишани иницијалите на Љупка и Георги, а на врвот имаше огромна школка, полна со бели кали.
Забавата, која траеше до доцна во ноќта, заврши со огномет.
Инаку, Љупка на својот Инстаграм објави видео од процесот на шиење на раскошниот свадбен фустан:
Повеќе фотографии од свадбената веселба:
Прочитајте и Љубовната приказна на Љупка Митрова и Георги: „Знаев дека е за мене првиот ден кога го видов како ме чека на снегот во мојата уличка“
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





