Тони Зен на патување во Франција со семејството - синот Јасен возбуден во Дизниленд, уживаат во Париз
- Детали
- вторник, 27 мај 2025
„Апсолвентска 2025“, се пошегува Тони на Инстаграм и сподели фотографии од патувањето во Франција со синот и сопругата.
По почетокот на годината исполнет со снимања, многу настапи, подготовки за концертот со Слаткар (кој во меѓувреме се одложи за октомври), Тони Зен замина на семејно патување во Франција.
Со сопругата и синот Јасен тие уживаа во Париз, а го посетија и Дизниленд.
Tони, кој ретко објавува семејни фотки, овој пат со следбениците на Инстаграм сподели неколку моменти од патувањето - крстарење по Сена и величествениот поглед на Ајфелова кула, прошетки низ шармантните париски улички, појадок бурек со ајран, но и видео од Дизниленд на кое се гледа возбудата на Јасен додека чека да се качи на една од забавните железници.
„Апсолвентска 2025“, напиша Тони.
Погледнете повеќе фотографии:
Прочитајте и Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





