Чарна Невзати апелира за вдомување напуштени кучиња во својата мисија за Мис на светот: „Ние сме нивниот глас“
- Детали
- вторник, 27 мај 2025
„За мојот проект ‘Убавина со цел’, избрав нешто што ми е многу блиско до срцето - да им помагам на напуштени кучиња и кучиња во прифатилишта“ - вели убавата Чарна Невзати во видеото, во кое раскажува за својата страст и љубовта кон кучињата.
Нашата Чарна Невзати, убавата Македонка која нè претставува на изборот за Мис на светот 2025 е пред крајот на своето патување во Индија.
На 31 мај (сабота), ќе се одржи големото финале во кое ќе биде крунисана новата Мис на светот, а Чарна, по 3 недели поминати во Индија, ќе си дојде дома.
Но, како дел од своето претставување, исто како и сите останати девојки, Чарна сними видео во кое откри која е нејзината страст и за што се залага во животот, а тоа е борбата да им најде дом на напуштени кучиња и да им даде љубов на оние кои биле малтретирани и напуштени.
Во видеото, за својата хуманитарна цел, Чарна вели:
„За мојот проект ‘Убавина со цел’, избрав нешто што ми е многу блиско до срцето - да им помагам на напуштени кучиња и кучиња во прифатилишта.
Ова патување беше емотивно, ми ги отвори очите и, да бидам искрена, ми го смени животот.
Поминувам време во прифатилишта каде што ги хранам, капам и си играм со кучињата и се обидувам да им ја дадам љубовта и грижата што им недостига.
Повеќето од нив биле напуштени, некои се спасени од ужасни ситуации, но сите тие само посакуваат да се сакани.
Тоа што ме допре најмногу е колку може да простуваат и колку можат да сакаат и покрај сè низ што поминале.
Овој проект направи да сфатам колку многу зависат од нас овие животни.
Тие не можат да побараат помош, па ние треба да бидеме нивниот глас.
Исто така, работев и на тоа да се зголеми свесноста и поддршката за локалните прифатилишта за кучиња, бидејќи навистина им е потребна.
Секое вдомување, секој момент на поврзување, ме потсетува зошто ја избрав оваа патека, и искрено, тие ми помагаат колку што им помагам и јас на нив.
Се надевам дека овој проект ќе инспирира повеќе луѓе да ја видат убавината на сочувствувањето и никогаш да не ја потценат моќта на добрината“.
Погледнете го видеото:
Прочитајте и Убави Македонки - Чарна Невзати ќе нè претставува на Мис на светот: „Убавината е моќна предност, но доаѓа и со стереотипи“
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





