Чарна Невзати се врати од Мис на светот 2025: „Благодарна сум што можев да ја претставувам мојата земја“
- Детали
- понеделник, 02 јуни 2025
„Не сум разочарана, напротив, чувствувам благодарност што бев дел од нешто толку значајно и што имав можност да ја претставувам својата земја“ - вели Чарна Невзати за CRNOBELO.com, која иако не влезе во топ 40, доби огромна поддршка од македонската јавност.
Нашата убавица Чарна Невзати, која три недели беше во Индија на изборот за Мис на светот 2025, се врати дома.
Таа имаше прекрасно патување на кое запозна преку 100 девојки од целиот свет, се дружеше, забавуваше, искуси нови работи и притоа, во најубаво светло ја претстави Македонија.
За жал, во финалето што се одржа на 31 мај, таа не влезе во топ 40 девојки од целиот свет (финалистките беа поделени во 4 групи по 10 од секој регион).
Мис на светот за 2025-та, пак, е претставничката на Тајланд, Опал Суката Чуангри.
Чарна, за CRNOBELO.com вели дека е пресреќна што имала можност да ја претставува Македонија:
„Целиот процес беше навистина посебно искуство за мене. Се сретнав со многу инспиративни девојки и научив многу за себе и за светот на изборите за убавина.
Искрено, не можам да кажам дека сè се знаеше однапред - но како и во секое натпреварување, секој има свои фаворити.
Не сум разочарана, напротив, чувствувам благодарност што бев дел од нешто толку значајно и што имав можност да ја претставувам својата земја“.
Погледнете повеќе фотографии од Чарна:
Прочитајте и Нашата Чарна блеска на изборот Мис на светот 2025 - не ја трга насмевката од лицето, шармира со природната убавина
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





