Aпел до родителите во Македонија од наша уметница: „Стоп за детските работилници со епоксидна смола - штетно е“
Наспроти епоксидната смола, УВ смолата е побезбедна алтернатива. Таа се користи во многу мали количини и се стврднува со УВ ламба, па испарувањата се помали.
Но и таа во течна состојба може да предизвика иритации, па и таа треба да се користи со ракавици и проветрување. Иако нешто побезбедна, сепак не е соодветна за работа со деца.
Затоа ве молам, ако сте родител, наставник, организатор на работилници или едноставно човек што сака безбедна околина за децата – не дозволувајте тие да работат со епоксидна смола. Креативноста треба да го негува телото и умот, не да го изложува на ризици кои не се потребни.
Здравјето и безбедноста се поважни од секој уметнички ефект.
И еден апел до сите што продаваат смола и материјали за нејзина употреба:
Ве молам, бидете одговорни – задолжително информирајте ги купувачите за ризиците и заштитата што е потребна при работа со смола. Особено нагласете дека епоксидната смола не е безбедна за деца и не треба да се користи без заштитна опрема. Вашата едукација може да спречи здравствени последици и да зачува животи.
П.С. Кога смолата е сосема цврста е сосема безбедна бидејќи нема испарувања и безбедна е да се носи како парче накит, да биде декорација во домот и сл.
Да додадам дека и на работилниците за возрасни коишто се одржуваат и се рекламираат на социјалните мрежи, на фотографиите од работилниците забележувам дека не носат маски и ракавици.
Многу ме интересира дали на тие работилници некој кажал нешто околу безбедноста при работа со смолата?“
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





