Тамара на одмор во Турција со децата и саканиот Лука: „Значи, ова е љубов“
- Детали
- четврток, 05 јуни 2025
На една фотографија споделена на Инстаграм Стори, Лука е во базен и во раце ги држи Хана и Дарен, а во позадина се слуша песната So This is Love, чиј текст вели „Значи, ова е љубов“.
По периодот исполнет со многу настапи, кој заврши со концерт на нејзиниот 40-ти роденден, Тамара Тодевска замина на мал одмор.
Пејачката е во Белек, Турција, со ќерката Хана, синот Дарен и нејзиниот партнер Лука Радовиќ.
А дека одморот им годи на сите, Тамара покажа и преку фотките и видеата што ги објавува на својот Инстаграм.
На една фотографија споделена на Инстаграм Стори, Лука е во базен и во раце ги држи децата.
Тамара за оваа фотографија избра и посебна песна - So This is Love, чиј текст вели „Значи, ова е љубов“.
Пејачката освен што ужива на одморот, продолжува внимава на својата фигура, па помина и малку време во теретана.
Погледнете повеќе фотографии:
Прочитајте и Тамара наполни 40 години - изненадување од децата на Козјак, љубовна порака од саканиот Лука (видео)
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





