Ликот на Слаткар осамна на Тајмс Сквер: „Горд сум што детето од Ново Лисиче што се шверцуваше во бус, сега е на билборд во Њујорк“

А чувството е баш онака... уф... не можам да ти опишам колку сум горд. И луѓето што ми ги праќаа снимките и фотките, сите ми го кажаа тоа.

Ова е една од малкуте работи што ми се случиле, а за кои не сум можел да поверувам дека се случуваат, а пак, јас сум тој што се потрудил за да стигнам до таму.

За ова е многу важно да ги најдеш вистинските луѓе. Сега, јас имам пријатели во Америка, кои имаат пријатели, па најдовме начин.

Дека е нешто многу скапо, не е. Билбордот одеше 48 пати во рок од два дена.

Мило ми е што полека се менуваат работите, што светот ни станува близок.

likot-na-slatkar-osamna-na-tajms-skver-gord-sum-shto-deteto-od-novo-lisiche-shto-se-shvercuvashe-vo-bus-sega-e-na-bilbord-vo-njujork-04_copy.jpg

Инаку, физички никогаш не сум бил во Њујорк, но, да ти кажам, минатите два дена бев над Њујорк, ха-ха, па се чувствувам ко да сум бил.

Многу нашинци кои живеат таму, наши браќа и сестри, отидоа да го видат билбордот, а многу ми пишаа дека им е криво што не можат да отидат.

Но, оние што ми ги пратија фотките и видеата, скоро истото ми го пишаа: „Бев многу горд додека те гледав и додека го снимав ова. Фала ти за ова“.

likot-na-slatkar-osamna-na-tajms-skver-gord-sum-shto-deteto-od-novo-lisiche-shto-se-shvercuvashe-vo-bus-sega-e-na-bilbord-vo-njujork-04_2.jpg

Кликнете на видеата и погледнете ги:

Прочитајте и Слаткар за новиот албум: „Пајак ми ја крена колата во Белград додека снимав спот - фрливме пари колку за еден ручек“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Слаткар со солзи во очи, брутално искрен: „Не сакам син ми Моша да пелтечи“ (видео) На прашањето дали има нешто што не успеал да го каже на покојниот татко, одговор...
Слаткар брутално искрен: „Велеа дека сум наркоман поради говорната маана, а јас бев среќен што не зб... „Добро е, нека зборат дека сум наркоман, само да не зборат дека д’ткам. Замисли ...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Слаткар со емоции зборува за Владо Јаневски: „Го слушав од 93-та, имаме необјавена песна, се осеќам ... „Со години чувам една песна што ја снимивме заедно. Ја најдов во телефон, толку ...
Марио ја запроси Ивана од Куманово на крузер на пат кон Ибица - на стаклен мост како од филм (фото) „За запросувањето се подготвував речиси 2 месеци, затоа што сакав сè да биде пос...
Марина Ристовска, наша професорка: „Ах, питата со јаболка од Ванила и кога сами се возевме со автобу... „Бев трето одделение прв пат ме запишаа на курс по англиски у Работнички. Заедно...

Најчитани неделава