„Да не постоеше Чола и да пробувавме, ваков немаше да го измислиме“ - Македонка емотивна по третиот концерт на Здравко Чолиќ
- Детали
- четврток, 05 јуни 2025
„Тој ми е првиот концерт во животот, првата купена касета, првиот идол и по овој концерт ќе кажам уште еднаш - да не постоеше Чола - и да пробувавме ваков немаше да го измислиме“, вели Вирџинија Ристеска од Скопје, која е еден од најголемите фанови на Чола кај нас. Љубов која ѝ ја пренела нејзината мајка.
Вирџинија Ристеска од Скопје е наш патувачки блогер и девојка со впечатлив моден стил, но и вистинска вљубеничка во музиката.
Таа го посети вториот од трите концерти на Здраво Чолиќ во Скопје, а на својот Инстаграм профил ги сподели своите впечатоци оттаму.
Објавата на Вирџинија за нејзиниот идол од детството гласи:
„Tebe ću ljubit do kraja života kad nebo stane, ja neću stati...
Здравко ми е и првиот концерт во животот и првата купена касета и првиот детски идол! И засекогаш ќе ми остане најсаканиот!
Имав 5-6 години, ‘97-‘98 кога моите прв пат ме однесоа на концерт на стадион - на Чола!
Возрасната јас тоа чувство не може да го опише со зборови, ама детето во мене памти.
Таква возбуда, што од настанот, што од самата големина на стадионот, што од фактот дека сите едногласно викавме „Здравко”, па 4 пати се враќаше на бис, таква емоција се памти цел живот.
Неколку дена подоцна, проаѓајќи со мајка ми од Зелен пазар видов тезга со касети.
Ја извлечкав и ја натерав да ми ја купи касетата на Чола (албум „Кад би моја била”) да можам дома да го слушам! Не можам да добројам колку пати таа касета ја имам ислушано во животов.
Наредниот негов концерт, ни даваа мини-списание за Здравко - цела биографија, интервјуа со него, итн. Кога разбрав дека е роден ден после мене (ок, неколку декади претходно) уште толку се заљубив!
За Чола можам роман да напишам, вакви ситуации има милион и една, уште толку ситуации кога песните негови оделе во позадина како совршена филмска музика.
Дека сум најголем фан, не сум, екс-Ју има поголеми „будали” од мене, дека немам концерт пропуштено во Скопје и околина - имам еднаш за жал, дека имам негов автограм посветен „Со љубов за Вирџинија” - имам и многу ми е драг, дека му ги знам сите песни од почеток до крај - му ги знам, како и сите што му одиме на концертите.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





