Колумбијката Карина беше на македонска свадба - го научи нашето оро, вели тешко е (видео)
- Детали
- понеделник, 09 јуни 2025
„Откако дојдов во Македонија сакав да одам на македонска свадба и сега конечно ми се појави можност. Не знам дали знаете ама балканските свадби се многу популарни во целиот свет...“, вели Карина Луз Гонзалез Бенитез (22), која со партнерот живее во Неготино.
Карина Луз Гонзалез Бенитез (22), по професија маркетинг координатор, е од Меделин, Колумбија, а веќе речиси една година живее во Неготино, Македонија.
Таа снима забавни видеа на македонски јазик, со кои стана хит на Инстаграм.
Сега, Kaрина откри дека ова е нејзина прва посета на македонска свадба и дека многу е возбудена за да види каква е традицијата во Македонија.
„Откако дојдов во Македонија сакав да одам на македонска свадба и сега конечно ми се појави можност. Не знам дали знаете ама балканските свадби се многу популарни во целиот свет. Сега мора да го научам традиционалното оро“, вели Карина.
„Го научив првото оро, тешко е, кој знае дали ќе ми текне на свадбата како е“, изјави таа, но потоа одлично се покажа на орото на самата свадба.
Кликнете на видеото:
Прочитајте и Карина од Колумбија живее во Неготино со сопругот: „Ми се допаѓа што Македонците се многу блиски со своите баби и дедовци“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





