Љупка Митрова со тело како божица - потемнета кожа, мини бикини и огромен шешир на одмор во Грција
- Детали
- вторник, 17 јуни 2025
„Секоја чест, совршено тело“, „Тело вретено, извајано“ - следбениците на Љупка Митрова не штедеа комплименти за нејзиниот изглед, по последните објавени фотографии на Инстаграм.

Сопственичката на модниот бренд „Митроф“ и инфлуенсерка, Љупка Митрова, ужива во секој момент од летото.
Откако неодамна направи венчавка на Халкидики со саканиот Георги, а потоа заминаа на меден месец во Монте Карло, сега Љупка откри дека се во Грција, во прекрасна вила со базен.

Таа на Инстаграм сподели и неколку фотки од одморот - кожа потемнета од сонцето, моменти на уживање покрај базен, но и сексапилна фотосесија со минималистички бикини и огромен шешир, кој освен што ѝ стои одлично, го нагласи и нејзиното извајано тело.
„Во јуни, запомни да се ставиш и себеси на листата приоритети“ - напиша Љупка на Инстаграм.

„Секоја чест, совршено тело“, „Тело вретено“ - ѝ напишаа следбениците во коментар.

Погледнете повеќе фотографии:



