Лила се забавува во Бодрум - позира на фламинго, ужива на пена-журка на базен, ги покажа извајаните нозе
- Детали
- вторник, 24 јуни 2025
Водителката ги насмеа своите следбеници откако на Инстаграм Стори објави фотка на која нејзиниот пријател Спасе спие на кауч под отворено небо и напиша: „Заспаната убавица“.

Нашата водителка и инфлуенсерка, Лила Филиповска, веќе неколку години, скоро секое лето оди во Турција.
Таа ни годинава не ја прекрши традицијата, па во моментов е во Бодрум, со свои пријатели и ужива во моментите што ги нуди едно од најубавите турски летувалишта.
Лила го користи секој момент за да се сонча на плажа или покрај базен, да се шета низ градот, да посети некој локален ресторан со вкусна храна...
Меѓу видеата што ги сподели на Инстаграм Стори е и едно на кое Лила се забавува на пена-журка на базен, додека позира на фламинго.

Со Лила на летувањето е и нејзиниот долгогодишен пријател Спасе Јовановски.
Па, водителката ги насмеа своите следбеници откако на Стори објави фотка на која тој спие на кауч под отворено небо и напиша: „Заспаната убавица“.

Погледнете повеќе фотографии:




