Теа Томовска, едукатор и рехабилитатор со моќен апел: „Тој што ја смислил изреката 'ќотекот од рајот е излезен' - згрешил“
- Детали
- среда, 25 јуни 2025
„Тој што ја смислил изреката ЌОТЕКОТ доаѓа од рајот изгледа не размислил и не почувствувал последици од истиот. Последици физички и психички. Нестабилност на личноста на детето понатаму, исплашеност, повлекување или пак спротивност - имитација на својот родител низ текот на животот“, вели Теа Томовска Ристовска, специјален едукатор и рехабилитатор и испраќа моќна порака.

Видео на кое татко тепа 4-годишно дете, снимено и објавено од страна на мајката на детето ја потресе Македонија.
Таа потоа објави и фотографии од повредите на детето, направени од таткото во друга пригода.

Со крајна осуда за овој грозоморен чин јавно се огласија многумина на социјалните мрежи, а меѓу нив е и Теа Томовска Ристовска, специјален едукатор и рехабилитатор.

Нејзината објава гласи:
„На децата потребно им е безбедно детство, љубов и внимание, грижа и поддршка.
Тој што ја смислил изреката ЌОТЕКОТ доаѓа од рајот изгледа не размислил и не почувствувал последици од истиот.
Последици физички и психички.
Нестабилност на личноста на детето понатаму, исплашеност, повлекување или пак спротивност - имитација на својот родител низ текот на животот.

Од толку трауми од ќотекот затоа имаме генерации кои имаат последици во емотивниот живот.
Многу е едноставно да се сфати дека детството е моделот кој го градиме понатаму во животот. Ако тој модел е несигурен придружен со казнувања, тепање како очекуваме тоа дете да има сигурност во себе.
Физичките повреди болат, психичките се паметат НЕ ОДРЕДЕН ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД, туку цел живот и преминуваат во несвесни обрасци на функционирање“.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com