Иџе на летување со сопругата и децата во Грција - на рајски одмор по бурниот почеток на тркачката сезона
- Детали
- четврток, 26 јуни 2025
Луксузниот комплекс, кој на прва изгледа како да е во Шпанија или Португалија, всушност е во Грција, а Иџе и семејството уживаат во секој момент поминат таму.

Европскиот шампион во ридско-планински трки, Игор Стефановски Иџе, замина на летување со сопругата и нивните две деца, откако имаше бурен почеток на новата тркачка сезона и многу успешни трки.

Семејството се одмора во прекрасен комплекс во Грција, кој наликува на зелено-син рај, а за кој на прва ќе си помислите дека е можеби во Шпанија или Португалија.

Од терасата на вилата директно се излегува на приватен базен, а околу неа има бројни зелени дрвја и палми, поради што околината делува нереално убава.

Иџе на Инстаграм деновиве споделува фотки и видеа од летувањето.
„Време со семејството“ - напиша Иџе на фотката на која е во базен со сопругата Емилија, синот Олег и ќерката Нина.
Тој сподели и романтична фотографија од Емче, која ужива на базенот, а е свртена со грб и не забележува дека Иџе ја фотографира.
