Македонец тргна да трча од Соборен храм до Острог цели 600km за да собере пари за болни дечиња: „Ќе трчам по 30-40km дневно“
Пет дена пред тргнувањето тој напиша:
„Само уште пет утра. Само уште пет пати ќе се разбудам и ќе го погледнам небото пред да тргнам на најсветата патека во мојот живот.
Трчање што не е само спорт туку завет, љубов и вера.
Овој пат не трчам за себе. Трчам за сите деца кои се будат во болнички соби, не со соништа туку со болка. Трчам за родителите кои со солзи бараат надеж. Трчам за живот.
Во секој километар ќе бидам нивен глас. Во секој чекор ќе носам молитва. Во секоја капка пот ќе се крие надеж.
Се чувствувам мирно. Подготвено. Не затоа што телото ми е најсилно, туку затоа што душата ми е водена од нешто повисоко. А кога срцето трча со љубов секој чекор е победа.
5 дена до мисијата. 5 дена до подвигот за нашите мали херои. 5 дена до она што нема да биде само трка, туку животна порака.
Ви благодарам на сите што сте со мене. Вашата поддршка е мојата сила“.

Meѓу охрабрувачките коментари на неговиот профил има еден кој гласи:
„Од Соборен до Острог – 600 километри, трчање со цел!
Не за медал, не за слава, туку за живот!
Секој негов чекор е молитва, секој километар е надеж, секоја капка пот – љубов.
Ова не е само патека – ова е мисија!
Те следиме, те бодриме, те поддржуваме – Заедно за децата!“

фото: Фејсбук
фото: Фејсбук
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
