Катарина и Тамара на летување со децата - водени лудории, забава во песок, крстозборки на плажа во Грција
- Детали
- недела, 06 јули 2025
„Секој своја приказна“, напиша Тамара на слатката фотографија, каде Хана, Дарен, Вања и Кира делуваат како да не се многу расположени за фотографирање.

Тамара Тодевска и Катарина Ивановска се на заедничко летување со своите деца.

Двете долгогодишни пријателки заминаа во Грција со своите ќерки и синови, а кои, се чини, дека одлично се сложуваат.
Преку Инстаграм, и топ-моделот и пејачката споделуваат фотографии од летувањето и моментите на забава.

Од водени лудории и дружење на плажа, преку фотка од Катарина која решава крстозборка додека е на лежалка и се крие под сенка, па сè до четирите деца кои позираат додека се на вечерно излегување со мајките.
„Секој своја приказна“, напиша Тамара на слатката фотографија, каде Хана, Дарен, Вања и Кира делуваат како и да не се многу расположени за фотографирање.

Погледнете повеќе фотографии:






А. Ј. | Црнобело