Вера Мештеровиќ (46) на одмор со децата во Турција - Згодна во бикини, ужива на забава со пена
- Детали
- недела, 20 јули 2025
„Скоро е невозможно да се гледа зајдисонцето и да не се сонува“ - напиша Вера Мештеровиќ на видеото каде шета во бикини покрај морскиот брег.

Првата Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ, неодамна беше на летување со синот Андреј и ќерката Јована.

Тие уживаа во еден од многуте ресорти во Анталија, а Вера не пропушти со своите следбеници на Инстаграм да сподели неколку интересни моменти од семејниот одмор.

Таа откри дека оделе на тематски забави, но и дека со ќерка ѝ се журкале на забава со пена.

Сепак, манекенката и водителка, откри дека најмногу уживала во прекрасните зајдисонца, па сподели и видео на кое се снима во бикини, додека шета покрај морскиот брег и му се восхитува на сонцето што заоѓа.
„Скоро е невозможно да се гледа зајдисонцето и да не се сонува“ - напиша таа.
