Првата Мис на Македонија згодна и 29 години по изборот - Вера Мештеровиќ го покажа извајаното тело на плажа
- Детали
- понеделник, 15 септември 2025
„Бескрајно лето. Се чувствував како летото да ме обзема“ - напиша Вера Мештеровиќ и објави неколку фотографии во бикини.

Вера Мештеровиќ, првата Мис на Македонија, изгледа одлично во бикини.
Таа беше избрана за најубава Македонка во далечната 1996-та година, а денес, скоро три децении подоцна, Вера има 46 години и тело на кое може да ѝ позавидат многу помлади девојки.
Мештеровиќ, која денес е водителка на утринска програма, но и понатаму повремено се занимава со моделинг, објави видео од плажа, направено од десетина фотки, на кои се гледа колку е згодна.

Таа не откри каде се наоѓа, а во описот на видеото напиша: „Бескрајно лето. Се чувствував како летото да ме обзема“.
По ова следуваа и реакциите од нејзините следбеници:
„Прекрасна“, „Преубава, скоро совршена“, „Ангел“, „Најубавата водителка“...

Кликнете за да го погледнете видеото:
Прочитајте и Вера Мештеровиќ (46) на одмор со децата во Турција - Згодна во бикини, ужива на забава со пена
А. Ј. | Црнобело