Мери Амбросова: „Ќерка ми отиде првпат кај татко ѝ во странство – морав да ја спремам за живот со друга жена“

„Марта отиде кај татко ѝ – 13 дена во странство. А дента кога ја испраќав, преку мое прашање дознав – треба да ја спремам и за живот со друга жена. Понекогаш е тешко – не затоа што некој си нашол нова жена, туку затоа што додека ти трчаш секој ден – по активности, школо, сметки, работа – некој друг си живее нормално. Но ја спремив Марта. Да се однесува културно. Да ја почитува и другата жена. Зашто јас сум нејзиниот пример“ - пишува Мери Амбросова, која во 2022 си дојде со ќерката од Украина во Македонија, а денес ја испраќа за првпат кај татко ѝ. 

meri-ambrosova-kjerka-mi-otide-prvpat-kaj-tatko-i-vo-ukraina-morav-da-ja-spremam-za-zhivot-so-druga-zhena-01.jpg

Мери Амбросова е психолог и коуч за партнерски односи, која помага на жени и мажи да изградат свесна и здрава љубов.

Освен што им помага на паровите преку терапии и обуки, таа и преку свој пример покажува како треба да изгледаат здрави семејни односи, дури и ако парот повеќе не е заедно, а има заедничко дете.

Во интервју за CRNOBELO.com во 2020-та таа ни раскажа дека во 2017-та љубовта ја одвела во Украина, каде ја роди ќерката Марта, а во јавноста привлече внимание кога во 2022, кога започна војната, сама во автомобил со ќерката тргна да се враќа во Македонија.

Оттогаш таа активно работи на градење на кариерата, но и на профилите на социјалните мрежи каде често споделува совети пред илјадници следбеници, а во меѓувреме, сама ја одгледува и расте ќерката.

Сега, на својот профил, Мери напиша емотивна порака, во која откри дека ја испраќа Марта за првпат сама кај татко ѝ во странство.

Но, освен што ја подготвува за патот и за престојот без мајка си, таа вели дека непосредно пред патувањето, морала да ја подготви и за живот со друга жена.

Како психолог кој работи со чувствителни теми за семејни односи, Мери се справила со ситуацијата зрело и нејзината постапка е инспирација за сите родители кои се соочуваат со истото.

Прочитајте ја нејзината објава:

Марта отиде кај татко ѝ – 13 дена во странство.
Првпат воопшто. И првпат толку долго ќе биде со него.
А дента кога ја испраќав, преку мое прашање дознав – треба да ја спремам и за живот со друга жена.

Понекогаш е тешко –
не затоа што некој си нашол нова жена, туку затоа што додека ти трчаш секој ден – по активности, школо, сметки, работа – некој друг си живее нормално.
Без да мора да „носи“ сè.

Но ја спремив Марта.
Со љубов. Со доверба. И со вредности.
Да се однесува културно. Да ја почитува и другата жена.
Зашто јас сум нејзиниот пример.

meri-ambrosova-kjerka-mi-otide-prvpat-kaj-tatko-i-vo-ukraina-morav-da-ja-spremam-za-zhivot-so-druga-zhena-03.jpg

Да – мене ми беше тешко.
Но и тоа е дел од мајчинството.
Ние често ја чуваме стабилноста на светот – тивко, без многу зборови, додека сите мислат дека можеме сè.
Ова не е жалење.

Ова е само потсетник:
И ние мајките понекогаш се чувствуваме ранливо.
Предадено. Оставено настрана.
И тоа е човечки.

Но сè додека се потпираме на сопствените вредности – можеме да водиме со љубов.
А можеби еден ден – и јас ќе бидам „на нејзино место“.
И ќе посакам некој да не ми прави проблеми. Да ме прифати без драми.

meri-ambrosova-kjerka-mi-otide-prvpat-kaj-tatko-i-vo-ukraina-morav-da-ja-spremam-za-zhivot-so-druga-zhena-02.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
„Отиде на забава, те вратија во ковчег – сега ти палиме свеќи“ – Емотивно писмо од мајката на Ивона ... „Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Денес правиме помен – една год...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg