Антониа и Роберт никогаш позаљубени - се бакнуваат на плажа, пејачката го храни сопругот во неговиот нов спот
- Детали
- четврток, 31 јули 2025
Иако ретко споделуваат приватни моменти во јавноста, преку видеото Роберт и Антониа открија колку многу се сакаат - се гледаат заљубено, се бакнуваат, се шетаат држејќи се за раце...

Музичарот Роберт Спасенцовски - Џокер, преку својот Инстаграм, промовираше нова песна, со наслов „Млада“.

Песната ѝ ја посвети на сопругата, Антониа Гиговска, а наместо спот, измонтира лични видеа, кои ги направиле за време на летувањето.

Иако ретко споделуваат приватни моменти во јавноста, преку видеото Роберт и Антониа открија колку многу се сакаат.

Тие се гледаат заљубено, се бакнуваат, се шетаат држејќи се за раце, таа го храни со пица, тој освојува плишана играчка за неа.

Погледнете го видеото:
Прочитајте и Роберт Спасенцовски - Џокер за CRNOBELO лексикон: „Ме зафркаваа дека свирам хармоника, но не се откажав“
А. Ј. | Црнобело