Роберт Спасенцовски - Џокер за CRNOBELO лексикон: „Ме зафркаваа дека свирам хармоника, но не се откажав“
- Детали
- петок, 25 јули 2025
„Лесно го изнудив првиот бакнеж и добив многу самодоверба. Си помислив дека сум привлечен за понежниот пол“, напиша музичарот Роберт Спасенцовски - Џокер во лексиконот на CRNOBELO.com.

За сопругата Антониа Гиговска вели дека му е омилена пејачка, а татко му, пејачот Боби Спасенцовски - вечен идол.
Иако вели дека има сè што посакувал во животот, и понатаму има неостварена желба - да стане професионален фудбалер.
За пораките што ги добива на социјалните мрежи, како избегал од полиција со мотор, но и каков ученик бил, Џокер се потпиша во нашиот лексикон.
Прочитајте ги неговите одговори:
1. Како се викаш и дали имаш прекар?
Јас сум Роберт - Џокер.
2. Колку години имаш и што си во хороскоп?
27 години, 01.10.1997, Вага.
3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?
What Goes Around Comes Around - Џастин Тимберлејк, This Love - Maroon 5, Антониа Гиговска.

4. А омилена книга?
Не сум фан на книги.
5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?
Ченинг Тејтум, Алексис Тексас, Game of Thrones.
6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?
Фудбал, Кристијано Роналдо и Реал Мадрид.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?
Имав кутре, француски булдог, се викаше Миле.
8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добил на Инстаграм?
Сакам да ме е**ш, ха, ха, ха.
9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?
Тоа што сум денес, а пропратно неостварена желба ми е - фудбалер.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?
Виски, водка, месооооо се разбира, ха, ха
11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?
Имам тројца, се дружиме скоро 8 години.
12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?
Бев одличен ученик, особено сè што ме занимаше беше одлично - историја, биологија.

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?
Мојот татко, секогаш.
14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?
Џокер засекогаш!
15. Кои ти беа најомилени игри во детството?
Фудбал, жмурка и граница. Бев непобедлив, тешко ме фаќаа.

